Спика

From Wikipedia, the free encyclopedia

Спика
Remove ads

Спика (Spica) позната и како Ариста (α Vir / α Virginis) — најсјајна ѕвезда во соѕвездието Девица, и 15-та најсјајна ѕвезда на ноќното небо. Се наоѓа на 260 светлосни години од Земјата. Оваа ѕвезда е син џин, променлива ѕвезда од типот Beta Cephei.

Кратки факти Податоци од набљудување Епоха J2000 Рамноденица J2000, Соѕвездие ...
Thumb
Како да се најде Спика на ноќното небо.
Remove ads

Историја на набљудувањата

За Спика се верува дека е ѕвезда која Хипарх ја искористил за да ја открие појавата прецесијата на рамноденицата.[1] Храмот на Менат (порано Хатор) во Теба бил изграден во 3200 година п.н.е., и свртен кон Спика, но со време, поради прецесијата, забележливо е изместувањето на линијата што ја имале ѕвездата и храмот.[2] Никола Коперник направил многу забелешки во врска со оваа ѕвезда, при неговото проучување на прецесијата.[3]

Remove ads

Особености

Спика е сјајна ѕвезда, чија привидна величина се движи меѓу +0,92 и +1,04, со вртежен период од 4,0142 дена. Таа е променлива ѕвезда од типот Бета Кефеј. Сјајноста ѝ е 2.300 пати поголема од онаа на нашето Сонце. Спика е двојна ѕвезда, а растојанието меѓу двете ѕвезди е толку мало што речиси и не се забележуваат како две, туку како една.

Видливост

Бидејќи е сместена блиску до еклиптиката, Спика може да биде затемнета од Месечината и понекогаш од некои од планетите. Последното затемнување на Спика се случило кога Венера поминала пред ѕвездата (гледано од Земјата) на 10 ноември 1783 година. Наредното затемнување ќе се случи на 2 септември 2197 година, кога Венера повторно ќе помине пред Спика. Сонцето поминува на околу 2º северно од Спика секоја година околу 16 октомври.

Најлесниот начин да се најде Спика на ноќното небо е да се следи линијата на седумте ѕвезди од соѕвездието Голема Мечка до Арктур, а потоа да се додаде истата должина и ќе се дојде до Спика.

Етимологија и значење

Името „Спика“ доаѓа од латинското spīca virginis „Клас жито на Девицата“ (обично се мисли на пченица). Во кинеската астрономија, оваа ѕвезда е позната како Jiao Xiu 1 (角宿一). Во хиндуистичкиот календар, Спика се нарекува „Накшатра Читра“.

Во астрологијата, Спика е една од фиксните ѕвезди, со значење смарагд која носи неограничена добра среќа. Корнелиус Агрипа кабалистичкиот симбол за Спика го посветил на Хермес Трисмегист.

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads