Охридско-струшка Котлина
котлина во Југозападна Македонија и Албанија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Охридско-струшка Котлина — котлинска целина во југозападна Македонија и прекуграничите предели во Албанија. најмногу го зафаќа просторот на басенот на Охридското Езеро. Тектонски предиспонирана котлината е ограничена со водоразделните линии по планините: Стогово со Караорман, Илинска и Плакенска, Галичица, Мокра и Јабланица. Изземајќи ја водната површина на езерото, котлината зафаќа 1.318,3 км2. Рамничарските предели лежат на надморска височина од 600 до 800 м и зафаќа 204,9 км2, од кои речиси половината се во појасот од 690 до 700 м.[1]
Remove ads
Поделба
Според морфологијата, како посебни просторни целини во Охридско-струшката Котлина се издвојуваат следниве подрачја:[2]
Охридско Поле
Граница на населени места: сите во општина Охрид (освен селото Подмоље*)
Струшко Поле
Граница на населени места:
- Општина Струга (источно од р. Црн Дрим и јужно од Малесија, поточно од с. Присовјани)
- Општина Дебрца (селата Климештани, Мешеишта, Волино, Требеништа, Алистрати, Горенци и Оровник)
- Општина Охрид (селото Подмоље*)
Поградечко Поле
Граница на населени места:
Дебрца (поделена на Горна, Средна и Долна)
Граница на населени места:
- Општина Дебрца (сите села кои не се вклучени како дел од Струшко Поле, поточно тие во историско-географската област Дебрца)
Remove ads
Забелешка
*во монографијата за селата Оровник и Подмоље се спомнува: „Народната носија на Оровник и Подмолје е иста како и во соседните села: Горенци, Волино и Мислешево, т.е. е слична на носијата од струшките полски села.“ [4]
Поврзано
- Горичко Поле
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads