Сушица (Скопско)

село во Општина Петровец From Wikipedia, the free encyclopedia

Сушица (Скопско)map
Remove ads

Сушица (позната и како Катлановска Сушица или Коњарска Сушица) — село во Општина Петровец, во областа Блатија, во околината на градот Скопје.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Се наоѓа во североисточниот дел на Скопската Котлина и областа Блатија, од левата страна на реката Пчиња. Селото лежи на надморска височина од 380 метри. Оддалечено е 24 километри источно од Петровец, 37 километри источно од Скопје и 26 километри јужно од Куманово.

Историја

Во XIX век, селото е дел од нахијата Чаирско Поле (Блатија) во Скопската каза во Отоманското Царство.

Thumb
Црквата „Св. Ѓорѓи“ во Сушица

Стопанство

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било христијанско, каде имало 68 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 257 мажи христијани, со 30 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 574 жители.[2]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Сушица живееле 550 жители, сите Македонци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Сушица имало 760 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 600 Македонци.[5]

Според пописот од 2002 година, селото Сушица има 178 жители, сите Македонци.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 139 жители, од кои 137 Македонци и 2 лица без податоци.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Родови

Сушица e македонско село.

Според истражувањата од 1952 година, родови во Сушица се:

  • Староседелски или доселенички со непознато потекло: Радевци (10 к.), Даневци (8 к.), Зајинци (11 к.), Миајлевци (9 к.), Ѓуревци (3 к.), Костовци (3 к.), Карпузовци (2 к.), Шутевци (3 к.), Дедо-Петковци (6 к.), Јошевци (2 к.), Спасевци (1 к.), Ролевци (2 к.), Пидевци (1 к.) и Ќирковци (1 к.) за нив не се знае дали се староседелци, или пак доселени со непознато потекло.
  • Доселеници: Николчевци (8 к.) порано се викале Ѓаковци. Некои за нив велат дека се доселени од околината на Ѓаковица во Косово; Марковци (9 к.) и Анџинци (2 к.) доселени се од селото Мирковци во Скопска Црна Гора; Долноселци (3 к.) доселени се од селото Долно Коњари. Го знаат следното родословие: Данило (жив на 40 г. во 1952 година) Мите-Наумче-Петко, кој се доселил; Русановци (3 к.) и Качаровци (9 к.) доселени се однекаде.[12]
Remove ads

Општествени установи

Самоуправа и политика

Културни и природни знаменитости

  • Градиште — утврдување од римско време(дел од Јустинијановиот сигнален систем низ територијата на Македонија -Маркови Кули, Кисела Вода — градиште, Сушица Коњарска - Горно Кале, Крушица);[13]
  • Селиште — населба од непознат период;[13]

Редовни настани

Личности

Личности родени во Сушица (Скопско):

Култура и спорт

Иселеништво

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads