Тајна пошта на МРО

From Wikipedia, the free encyclopedia

Тајна пошта на МРО
Remove ads

Тајната пошта на МРО е составен дел од структурите на организацијата. Секој селски, околиски и окружен комитет имал своја тајна пошта [1].

Thumb
Шифриранa азбука
Кратки факти Македонска револуционерна организација (МРО) ...

Поштата на Македонската револуционерна организација претставувала таен систем за комуникација меѓу нејзините членови во рамките на Отоманското Царство, но се комуницирало и надвор од империјата како што било и Задграничното претставништво.

Коресподенцијата се водела со хемиско бело мастило и шифри.

Шифрите ги знеле само претседтелот и секретарот на комитетот [2].

По Солунскиот конгрес било решено дека Централниот комитет со внатрешноста на Македонија контактира преку окрузите, и затоа ЦК имал посебни шифри за комуникација со окрузите, посебни шифри за коресподенција со Задграничното претставништво, окрузите имале посебни шифри за коресподенција меѓу себе [2]. Поштата на организацијата била подобро организирана отколку редовната пошта на Отоманското Царство. Писмата кои организацијата ги испраќала од Солун за Софија пристигале следниот ден [3][4].

Remove ads

Извори

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads