Структура на револуцинерните окрузи - МРО

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Структурата на револуцинерните окрузи на Македонската револуционерна организација се формирала во еден подолг период со дирекно учество на некој од наистакнатите македонски револуционери.

Првите револуционерни кружоци

Кратки факти Македонска револуционерна организација (МРО) ...

Поради недостаток на изворна литература не може точно да се проследи формирањето на првите револуционерни кружоци. Меѓутоа врз основа на коресподенцијата на Даме Груев која тој ја водел со Никола Дејков може да се каже дека тие биле формирани во февруари и март 1894 година.

Во месеците јули и август 1894 година Даме Груев презел една поголема обиколка низ Македонија при која биле формирани првите комитети и организацијоната мрежа. Во јули 1894 година во Кавадарци бил формиран првиот комитет во Македонија од страна на Даме Груев. Потоа Груев ги посетил: Штип, Прилеп, Битола, Ресен, Охрид и Струга.

При оваа обиколка биле формирани комитети во Прилеп, Битола, Охрид и Струга, а битолскиот бил одреден за окружен.

Силен импулс за понатамошен развој на Македонската револуционерна организација било Ресенското советување. Меѓу другото во Ресен било решено: Територијата на Македонија да се подели на револуционерни реони на чело со авторитетни лица.

Поради недостаток на извори не се знае точно како била реализирана оваа одлука, но факт е дека по советувањето како револуционерни центри егзистираат Солун, Битола и Штип.

Во летото 1895 година по барање на Даме Груев, Христо Поп Коцев го формирал комитетот во Одрин.

Remove ads

Солунски конгрес

Во 1896 година во Солун се одржал првиот конгрес на Македонската револуционерна организација и тогаш е формирана организациската физиономија. Било решено:

1. Организациската територија да се подели на 7 окрузи: Солунски, Битолски, Скопски, Велешко - Тиквешки, Струмичко - Џумајски, Штипски и Одрински.
2. Прилеп и Цариград имаат право дирекно да кореспондираат со ЦК, додека пак Централниот комитет со внатрешноста на Македононија кореспондира преку окрузите и затоа било решено ЦК да има посебни шифри за комуникација со окрузите, посебни за комуникација меѓу ЦК и Задграничните претставници, а окрузите имаат посебни шифри за комуникација меѓу себе [1][2]

Меѓутоа во пракса егзистирале 6 округа: Солунски, Битолски, Скопски, Струмички, Серски и Одрински.

Велешко-Тиквешкиот не заживеал.

Велес кореспондирал дирекно со Централниот комитет, а Тиквешкиот реон во 1899 година бил придодаден кон Солунскиот округ.

Штипскиот воопшто не егзистирал, а од предвидениот Струмичко - Џумајски настанале два округа Струмички и Серски.

Remove ads

1896 - 1908

Извори

Галерија

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads