Прилепски конгрес

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Прилепскиот конгрес или (Подвижен конгрес) е окружен конгрес на ТМОРО кој се одржал во 1904 година после Илинденското востание во Македонија. После оваа востание се поставиле голем број на прашања за понатамошната егизтенција на Организацијата како и за нејзината дејност. Главни глумци при свикувањето на овој Конгрес биле двајцата револуционери Христо Узунов и Ѓорѓи Сугарев [1] со помош на Пере Тошев и Ѓорѓи Поп Христов.

Remove ads

Собир

Во почетокот на пролетта било донесено решение за Конгрес и во првите денови на мај се собрале на окружен конгрес во прилепско, следните раководни лица: од битолскиот округ: Даме Груев, Пере Тошев, Ѓорче Петров, Христо Узунов, Ѓорѓи Сугарев, Георги Поп Христов, Никола Каранџулов, Петар Ацев, Георги Пешков, Јордан Тренков [2].

Од соседните реони беа претставени уште Стефан Димитров, велешки војвода, Добри Даскалов и Петар (Пешо) Самарџиев од тиквешко. За претседател бил избран Дамјан Груев и секретар Христо Узунов [1].

Една чета од околу 30 души, делегати и четници, се движеше од село во село. Заседанијата започнаа во с. Беловодица, продолжија во Дрен, Смолјани, Царевско, Топлица, Тројаци, Плетвар, Ореовец, Крстец, и завршија кон крајот на мај во Никодимската планина, на врвот Козјак затоа овој собир се нарекува уште и Подвижен конгрес.

Remove ads

Работа

Прашањето за децентрализација и централизација на Организацијата

На Конгресот дошло до спротивставување на две гледишта за поредокот на Организацијата. Имено, Дамјан Груев се залагал за централистичкиот поредок но не наишол на поддршка. Наспроти него била концепцијата на Пере Тошев за децентрализација на Организацијата и тој бил поддржан од сите повидни револуционери [3]. Пере Тошев изработил предлог-статут наречен (Образец I) со кој се отфрлала мистериозната централизација. Ѓорче Петров за првиот предлог истакува дека:

...кога ќе се почне од Ц.К. та до селата, а наместо неа — широка децентрализација. Сложен механизам во вишите раководни установи се предвиде, за да можат сите повидни сили на организацијата да земат учество во делата на организацијата... И покрај силната мотивација на Пере Тошев, кој меѓу другото се потпираше на расположението и желбата на самото македонско население, неговиот предлог-статут, како крајно децентралистички и којшто не одговараше на една револуционерна организација, не беше прифатен во неговата целост [3]

Дамјан Груев откако увидел дека неговиот став за централизација нема да пројде предложил нов проект-правилник познат како (Образец II) кој бил копија на првиот меѓутоа во поумерена форма [3]. Двата проекти од страна на Ѓорче Петров му биле испратени во Софија на Борис Сарафов кој требало да ги испечати [2][3].

Однос кон пропагандите

Второ по важност прашање, кое станало предмет на долготрајни и страсни дискусии, бил односот кон пропагнадите посебно кон грчката и српската. Тука, како главни противници биле Пере Тошев и Ѓорче Петров. На крајот беше решено да се преземат строги мерки против двете вооружени пропаганди и се изработиле и посебни директиви за водење на борбата против нив.

Нов правилник за четите

Трета важна работа на конгресот била да се распределат по реони постоечките раководни сили, и да се определат нивните должности. Новоизработениот правилник за четите предвидувл и должност на инструктори-ревизори на четите во округот. За такви биле назначени: П. Ацев и Н. Каранџулов во прилепско и мариовско, Христо Узунов — за охридско, струшко и кичевско, Ѓорѓи Сугарев — битолско, демирхисарско и ресенско, Г. Поп Христов — за леринско и костурско.

Remove ads

Значење

На самиот Конгрес биле отворени голем број на прашања кој ја засегале организацијата за некои од ни бил изграден заеднички став од страна на револуционерните дејци меѓутоа дошле до израз различните ставови меѓу дејците од Битолскиот округ. Овој конгрес меѓу другото покажал дека времето на авторитетните дејци во Организација поминало. Сето тоа придонело да се продлабочи кризата во самата Организација и меѓусебните судири.

Извори

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads