Ѓорѓи Тодоровски

From Wikipedia, the free encyclopedia

Ѓорѓи Тодоровски
Remove ads

Ѓорѓи Тодоровски - Трупче (Битола, 9 мај 1956 ) — македонски театарски, телевизиски и филмски глумец.

Кратки факти Ѓорѓи Тодоровски - Трупче, Роден(а) ...

Филмографија

Година Филм Улога
1979Наши години ТВ-серијаИко
1980Време, води ТВ-филмСкуле
1980Двојка ТВ-филмБерберот
1980Учителот ТВ-филм
1981Војници ТВ-филмТрајче
1982Слана во цутот на бадемите ТВ-филм
1982Време на летала ТВ-филм
1982Едно лето ТВ-серијаМарин
1982Гласот ТВ-филмЛоранц
1984Другарувања ТВ-серијаВитко
1984Јуначко колено ТВ-серијаУченикот
1985Тетовирани души ТВ-филм
1987Ѕвездите на 42-та ТВ-филм
1987Хај-фај ТВ-филм
1987-1990Чук, чук Стојанче ТВ-серија
1988Викенд на мртовци ТВ-филмСвадбар
1988-1989Еурека ТВ-серијаКелнерот Коља
1989Мугра ТВ-филм
1989-1993Македонски народни приказни ТВ-серија
1991Тврдокорни ТВ-серија
1991Тетовирање ТВ-филмПолицаец
1991Во кафулето кај Гане ТВ-филмВојник
1992Сили во воздухот ТВ-филмЛале
1992Чудовиштата во нашиот град ТВ-серија
1995Во светот на бајките ТВ-серија
2000Погрешно време ТВ-серијаАцо
2000-2001Светот има осум страни ТВ-серија
2003Последниот фалцер ТВ-филмЦиганот
2006Патување со Рабробил ТВ-филм
2006Мост ТВ-филмМиле
2010Македонски народни приказни ТВ-серија
2011Трето па машко ТВ-серијаАнастас
2013-2014Тврдокорни ТВ-серијаАнастас
2013Старо купувам ТВ-филмАурелие
2015Незрели цреши ТВ-филм
2015Последниот Македонец ТВ-филмТодор Паница
2016Џган ТВ-филмСоцијален работник
2019Дедо и внук ТВ-филмДоктор
2023Бистра вода ТВ-серијаДоктор
2024Македонски стари приказни ТВ-серија
2025Езерото ТВ-филм
Remove ads

Животопис

Тодоровски е роден во 1956 година во Битола. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје 1979 г. во класата на професорот Љубиша Георгиевски. Во 1981 г. се вработил во Драмскиот театар во Скопје. Работел со многу познати тетарски режисери, а своите почетоци ги врзува со Слободан Унковски во претставите „Ослободување на Скопје“ и „Хамлет“. Со својот професор, режисерот Љубиша Георгиевски работел во претставите „Црнила“, „Еригон“, „ЈУ-антитеза“ и други. Улоги кои се паметат се и оние во претставите „Рибарски караници“, „Викенд за мртовци“, „Самоубиец“, „Зојкин стан“, „Дон Жуан“, „Ладало“, „Прости дарови“, „Жени во народното собрание“, „Дедо Мраз и Феферона“, „Хамлет од Долно Гаштани“, „Мачка на вжештениот лимен покрив“, „Македонски рулет“, „Лет во место“, „Крал Иби“, „Авантурите на Пинг и Луси“, „Салома“, „Ју антитеза“, „Свадба“, „Ноќ спроти Водици“, „Смртта на Дантон“, „Сказна за времето“, „Сили во воздухот“, и други.

Забележливи му се и улогите во многу детски претстави. Учествувал скоро на сите позначајни театарски фестивали, а зел учество и на гостувањата во Бугарија, Србија, Хрватска, Словенија, БиХ, Италија и други места. Во исто време учествувал во многу ТВ-проекти како ТВ-драми и ТВ-филмови, играни серии и детски ТВ-серии. Својот талент го покажал и во над 50 радио-драми како и во 18 играни филмови: „Време води“ на Бранко Гапо, „Хај фај“ - Владимир Блажевски, „Војници“ - Стјепан Заниновиќ, "Двојка" на Тихомир Бачовски, "Време на летала" на Иван Митевски, "Во кафулето кај Гене" на Миле Гроздановски, "Последниот фалцер" и "Старо купуем" на Младен Крстевски, "Последниот Македонец" и "Дедо и внук" на Илија Пиперковски, "Џган" на Вардан Тозија и играниот италијански филм за Мајка Тереза „Глас“, каде што ја оствари улогата на Лоренцо, на познатиот италијански режисер Брунело Ронди.

Голема популарност стекнал и во ТВ-емисиите за кулинарството каде со својот шарм и вештина стана пионер и бренд за ваквиот тип на емисии. Трипати бил избран за најпопуларно ТВ-лице, а двапати за најпопуларна личност во Македонија од весникот Вечер. Во своите улоги Ѓорги Тодоровски се претставува како творец со култивиран талент, со потресни акценти и изразена глума. Во 2022 година се пензионира во Драмски театар - Скопје.

Театарски претстави

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads