Тодор Бојаџиев
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Тодор Бојаџиев (Скопје, 25 ноември 1948 - Скопје, 30 декември 2009 ) — македонски композитор, аранжер и пијанист[1].
Животопис
Бојаџиев е роден во Скопје на 25 ноември 1948 година. Своето композиторско деби го имал на фестивалот во Суботица, Младина ‘72, со песната „Спомен мој далечен“. Како автор учествувал и на повеќе изданија на Скопскиот забавен фестивал, на кој добивал и награди (1975, со песната „Бакни ме“; 1976, „Те љубам“; 1977, „Кажи ми“). Учествувал и на други македонски фестивали. Напишал музика за неколку театарски претстави. На полето на класичната музика создал десетина композиции, главно, во периодот 1997–2006 година. Во 2005 го издал авторскиот албум „Ѕвездени ноќи“, со 15 инструментални композиции содадени во изминатиот период. По кусо и тешко боледување Бојаџиев починал на 30 декември 2009 во Скопје[2].
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads