Томаш Соучек

From Wikipedia, the free encyclopedia

Томаш Соучек
Remove ads

Томаш Соучек (роден на 27 февруари 1995 во Хавличкув Брод) е чешки фудбалер, играч од средниот ред на Вест Хем Јунајтед и на чешката репрезентација.

Кратки факти Томаш Соучек, Лични податоци ...
Remove ads

Техничики одлики

Има репутација на енергичен box-to-box играч од средниот ред со одбранбени и напаѓачки квалитети. Тој е познат и по својте физички предиспозиции благодарение на неговата висина од 1,92 м.

Во англиските медиуми често е споредуван со Маруан Фелаини, играч кој своевремено исто така бил откриен и трениран од Дејвид Мојес, поради неговите квалитети во играта во воздухот.[2]

Клупска кариера

Славија Прага

Thumb
Соучек играјќи за Славија Прага во 2018.

Соучек ја започнал својата кариера во екипата на Славија Прага, приклучувајќи се на академијата на клубот на 10-годишна возраст.[3]

Во сезоната 2014-2015, тој бил позајмен на Викторија Жижков, екипа со која го направил своето професионално деби на 8 март 2015 година, во поразот на домашен терен со 1-2 од екипата на Фастав Злин во втората лига на Чешка. Сезоната ја завршил со 14 настапи без постигнат гол.

По завршувањето на позајмицата во Жижков, Соучек се вратил во Славија Прага каде го постигнал првиот погодок во својата кариера во победата со 4-0 над Височина Јихлава. За време на сезоната 2015-2016, тој го направил својот пробив во првиот тим на Славија играјќи во 29 од 30 првенствени натпревари забележувајќи притоа и два гола.

Сепак, следната сезона тој го загубил своето место во почетната постава како резултат на доаѓањето на Мишел Нгадеу Нгаџуи,[4] поради што настапите на Соучек станале ограничени и тој запишал само 93 минути во период од три месеци поради што бил проследен на заем во Слован Либерец во зимскиот преоден рок.[5]

Пред почетокот на сезоната 2017-2018, Славија го повлекла Соучек назад и тој станал одново редовен член на почетната постава, играјќи 27 натпревари во сезоната и постигнал 3 гола. На 9 мај 2018, тој го одиграл целиот натпревар за Славија Прага во победата со 3-1 над Јаблонец во финалето на Купот на Чешка, освојувајќи го својот прв трофеј во кариерата. Следната сезона, тој го освоил чешкото првенство со Славија и учествувал во одбраната на титулата во купот.

Вест Хем Јунајтед

На 29 јануари 2020, Соучек се преселил во англискиот Вест Хем Јунајтед на заем до крајот на сезоната 2019–2020, со опција за откупување на играчот во летниот преоден рок.[6] Своето деби во Премиер лигата го имал на 1 февруари 2020, во ремито 3-3 на домашен терен против Брајтон. Својот прв гол за чеканите го постигнал во победата со 3-2 на домашен терен над Челси на 1 јули 2020. Сезоната ја завршил со 13 настапи и 3 гола (сите постигнати после паузата поради пандемијата на КОВИД-19).

Задоволувајќи ја управата на Вест Хем и менаџерот Дејвид Мојес со своите игри во сезоната 2019-2020, на 24 јули 2020, Соучек бил откупен од Вест Хем за 21 милион евра потпишувајќи четиригодишен договор со лондонската екипа.[7]

Thumb
Соучек со Вест Хем.

Својот прв првенствен гол за сезоната 2020-2021, Соучек го постигнал на 7 ноември 2020, носејќи им ја победата на чеканите во судиското продолжение од натпреварот против Фулам на домашен терен добиен со 1-0. На 1 јануари 2021, Соучек го постигнал првиот гол во Премиер лигата за календарската 2021 година, погодувајќи ја мрежата на Евертон во успехот на Вест Хем со 0-1 на Гудисон Парк.[8] Сезоната ја завршил со вкупно 41 настап и 10 гола, завршувајќи како најдобар стрелец на Вест Хем Јунајтед во Премиер лигата со 10 постигнати гола, колку што дал и Мајкл Антонио.[9]

Remove ads

Репрезентативна кариера

Thumb
Соучек играјќи за чешката репрезентација.

Соучек ја претставувал Чешка во неколку младински репрезентации: под 19, под 20 и под 21 година.

Со репрезентацијата под 21 година играл на Европското првенство под 21 година 2017 во Полска, играјќи во сите три натпревари на Чешка на турнирот.

Своето деби за сениорската репрезентација, Соучек го имал на 15 ноември 2016 година, во пријателски натпревар против Данска. Својот прв гол за чешката репрезентација го постигнал во победата со 2-1 над Исланд во уште еден пријателски натпревар.

На 24 март 2021, Соучек постигнал хет-трик во гостинската победа со 6-2 над Естонија во натпревар од квалификациите за Светското првенство 2022.[10]

Во јуни 2021, Соучек бил повикан во чешката репрезентација за Европското првенство 2020. Тој играл во сите три натпревари од групната фаза, а потоа бил и капитен на својата земја во победата со 2-0 над Холандија во осминафиналето.[11] Чешка го завршила учеството на првенството во четвртфиналето, после поразот од Данска со 1-2.

Хронологија на репрезентативните настапи

Повеќе информации Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Чешка, Дата ...
Remove ads

Статистика

Клупска статистика

Статистиката е ажурирана на 13 јуни 2021

Повеќе информации Сезона, Клуб ...
Remove ads

Титули

Клупски

Чешка Славија Прага

2018-2019
  • Фудбалски куп на Чешка : 2
2017-2018, 2018-2019

Поединечни

  • Чешки фудбалер на годината:
2019,[14] 2020[15]
  • Златна топка (Чешка):
2020[16]

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads