Трајко Бошкоски-Тарцан
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Трајко Бошкоски-Тарцан (Голем Радобил, 12 јуни 1918 — Сливник, 6 јануари 1943 ) — македонски комунист и првоборец во НОБ.[1] Раководел со нападот што прилепските партизани го извршиле во Прилеп на 11 октомври 1941 година.

Remove ads
Помеѓу двете светски војни
Бошкоски е роден во прилепското село Голем Радобил на 12 јуни 1918 година. Неговиот татко и мајка наскоро умреле, по што бил посвоен од семејството Бошкоски од Прилеп. Основно училиште и прв клас гимназија завршил во Прилеп, а потоа, од 1932 година, работел како дрводелец.
Во 1935 година, тој станал член на СКОЈ. Учествувал и во Прилепското работничко друштво „Абрашевиќ“, каде раководел со рецитаторската секција.[2] На 1 мај 1936 година, заедно со Мице Козар, поставуваат црвено знаме на Маркови кули, по повод Меѓународниот ден на трудот.[3] Кон крајот на летото 1937 година, тој заминал во Белград. Се вклучил во тамошното работничко движење и на 26 ноември 1938 година, тој станал член на КПЈ. Во 1940 година, тој се вратил во Прилеп и станал член на Месниот комитет на КПЈ во градот и секретар на Месниот комитет на СКОЈ. За време на Илинденските демонстрации истата година, тој одржал два забележителни говора, по што бил уапсен. Во декември 1940 година, тој бил осуден на шест месеци затвор. Тој бил ослободен во пролетта 1941 година.
Remove ads
НОВ
По окупацијата на Македонија во Втората светска војна, Тарцан бил еден од водачите на групата што ја нападнала бугарската полициска станица во Прилеп, на 11 октомври 1941, со што е означувано како почеток на востанието за слобода на македонскиот народ.[4] Исто така тој бил еден од седумте први прилепски партизани, кои на 12 септември 1941 година, во месноста Бидимаш на Селечка Планина, ја основале првата партизанска чета.[5] Избран е за политички комесар на четата, а подоцна бил политички комесар и на Првиот прилепски НОПО „Гоце Делчев“. На 8 октомври 1941 година е опколен во една куќа во Прилеп, но успева да се пробие низ непријателскиот обрач, при што убива еден непријателски полицаец.[6]
Кон крајот на 1941, работи активно на теренот на Скопје, каде пропагира и ја јакне организираноста на македонскиот народ за борба против окупаторот. Од скопскиот терен, тој се префрлил во Тетовско-Дебарскиот регион каде исто така успешно работел на оформување на нови партизански одреди.[4] Бил член и инструктор на ПК на КПЈ за Македонија од декември 1941, а потоа бил политички комесар на Покраинскиот оперативен штаб од април 1942. По формирањето на Велешкиот НОПО „Димитар Влахов“ во септември 1942 година бил избран за негов политички комесар. Пет пати бил осудуван на смрт од бугарските судови.
При една организирана потера на окупаторот, Тарцан тешко е ранет на Божик во 1943. Соборците го оставиле во една колиба во селото Сливник, но бил предаден и во нерамна борба со бугарските воени и полициски сили, со последниот куршум се самоубил.
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads