Секирани
село во Општина Битола From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Секирани — село во Општина Битола, во околината на градот Битола.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во Битолското Поле, од десната страна на реката Шемница, оддалечено 15 километри северно од Битола.
Историја
Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[2]
Стопанство
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Секирани живееле 160 жители, сите Македонци.[3]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 година, Секирани се води како чисто македонско село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 16 куќи.[4]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Секирани имало 120 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[6]
Според пописот од 2002 година, селото Секирани брои 114 жители, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 74 жители, од кои 72 Македонци и 2 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Родови
Секирани е македонско село.
Родови во Секирани се:
- Староседелци: Гушевци (5 куќи), Калајџиовци (2 куќи) и Димчевци (2 куќи)
- Доселеници: Сиљановци (8 куќи) доселени се од селото Обедник во Железник, кое во 1912 година е затекнато како албанско; Драгарци (4 куќи) доселени се од селото Драгарино; Шалевци (5 куќи) доселени се од соседното село Габаловци, и таму се доселени однекаде; Стојановци (4 куќи) доселени се на крајот од XIX век од раселеното село Кочишта; Штерјовци (1 куќа) доселени се од селото Лисолај; Трајковци (1 куќа) доселени се од некое прилепско село; Кочиштани (3 куќи) доселени се од раселеното село Кочишта; Чагорци (1 куќа) доселени се во 1926 година од селото Чагор.[13]
Remove ads
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 199 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 100 гласачи.[15]
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads