Турбеш

поранешно село во Серско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Турбешmap
Remove ads

Турбеш или Торбеш (грчки: Μακρυώτισσα, Макриотиса; до 1927 г. Τουρπές, Турпес[1]) — поранешно село во Серско, Егејска Македонија, на територијата на општината Долна Џумаја на Серскиот округ, Грција. Било населено исклучиво со Македонци.[2]

Кратки факти Турбеш Μακρυώτισσα, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото се наоѓало на источните падини на Карадаг. Лежело југозападно од Сер и на околу 3 км северозападно од Орљак.[2]

Историја

Во Отоманското Царство

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Турбеш (Tourbèche) било село во Серската каза со 15 домаќинства сочинети од 50 Македонци.[3][4]

Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:

Турбеш, чифлик на Стерја Дуру, на З од градот до 5 часа. Сместено е кај подножјето на планината, недалеку од Струма. Земја за работа сосем малку во полето. 30 куќи, Македонци;[5] грчка црква.[6]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Трбеш било село во Нигритската нахија на Серската каза со 350 жители, сите Македонци христијани.[3][7]

Целото население на Турбеш било под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Торбеш (Torbech) живееле 96 Македонци патријаршисти.[3][8]

Во Грција

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Селото настрадало во Втората балканска војна до тој степен што во 1913 г. е заведено како напушено.[3] Во 1920 г. населението броело 189 жители, но малку потоа сите се иселиле во Бугарија, а на нивно место доведени се грчки колонисти.[2] На пописот од 1928 г. селото се води како чисто дојденско со 202 лица (49 семејства).[9]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads