Уснена согласка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Уснени согласки (лабијали)[1] Се согласки каде вршителот на гласовната творба е една или двете усни. Тука се изземени јазичноуснените согласки, каде врвот на јазикот оди кон задната страна на горната усна и затоа се сметаат за преднојазични (коронални). Двете (во голема мера) најстапени усни согласки се двоуснените (се создават со обете усни) и усненозабните (се создаваат со долната усна и горните заби). Обата бида се присутни во македонскиот гласовен систем. Други усни согласки се забноуснените (се изговараат со горната усна и долните заби), кои се обратен случај од усненозабните.
Во македонскиот јазик усни се гласовите б, п, м, в и ф,[2] од кои избувните [б], [п] и [м] се двоусни, а струјните [в] и [ф] се усненозабни.
Заоблувањето на усните (лабијализација) е честа одлика на споредната творба од приближен тип. Англиското /w/ е звучна лабијализирана венечна приближна согласка, која е многу почеста од чисто уснената приближна согласка. Во кавкаските јазици, лабијализираните среднојазични согласки како /kʷ/ и /qʷ/ се мошне застапени.
Меѓутоа, многу малку јазици прават разлика чисто помеѓу двоусни и усненозабни согласки, и фонемите најчесто се опишуваат како „усни“, што се смета за доволно точна определница. Еден јазик што прави таква разлика е еве, каде обата вида на струјни согласки се посебни, иако усненозабните се изговараат со поголема творбена сила.
Remove ads
Отсуство на усни согласки
Додека највеќето јазици користат чисто усни фонеми, постојат неколку што ги немаат. Такви примери се тлингитскиот, ејачкиот (обата од семејството на-дене), вичитскиот (кадоанско семејство) и сите ирокески јазици освен черокискиот. Во сите нив усните согласки се присутни во заемки од англискиот.
Поврзано
- Двоуснена согласка
- Усненозабна согласка
- Јазичноуснена согласка
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads