Голтничка согласка

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Голтничка согласка (фарингална) е вид на согласка што се создава при контакт на основата на јазикот со голтникот (фаринкс).[1]

Кратки факти Места натворба ...
Remove ads

Табелаа на голтнички согласки

Според Меѓународната фонетска азбука (МФА), постојат следниве голтнички согласки:

Повеќе информации МФА, Опис ...
  • Иако традиционално се сместени во струјниот ред на табелата на МФА, гласот [ʕ] обично е приближна согласка. Самиот симбол е двосмислен, но не постои јазик со посебни струјни и приближни творби на ова место. Понекогаш начинот на творба се означува со дијакритички знак за снижување: [ʕ̞].
Remove ads

Особености

Голтничките согласки претежно се среќаваат во три географски подрачја: Северна Африка/Близок Исток (во семитските, берберските и кушитските јазици); на Кавказ (во северозападните и североисточните кавкаски јазици); и во Британска Колумбија (во салишките и вакашките јазици). Забележани се поретко и на други места, како што е јазик таманскиот јазик од нилосахарското семејство. Во финскиот се јавува слаба голтничка струјна согласка како реализација на /h/ по самогласките /ɑ/ и /æ/ на слоговниот завршеток, како на пр. [tæħti] („ѕвезда“), но бидејќи ова е чисто алофонска појава, гласот сепак се пишува со /h/. Според теоријата за гласилките, праиндоевропскиот јазик може да содржел голтнички согласки.

Неодамна е објавено дека е пронајдена и надгласилно-голтничка творба.

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads