Царевиќ

село во Општина Прилеп From Wikipedia, the free encyclopedia

Царевиќmap
Remove ads

Царевиќ — село во Општина Прилеп, во областа Раец, во околината на градот Прилеп.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Историја

Во XIX век селото било дел од Прилепската каза на Отоманското Царство.

Стопанство

Потекло на името

Според Марко Цепенков, името на селото е добиено според некој цар кој шетал и поминал покрај ова село. Сите селани излегле со најголеми причести го пречекале, а една стара жена замесила зелник и царот тука ручал. Оттогаш селото го нарекле Царевиќ.

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Царевиќ живееле 470 жители, од кои 460 Македонци и 10 Роми.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Царевиќ имало 320 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Царевник се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 40 куќи.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[5]

Според пописот од 2002 година, селото имало 10 жители, сите Македонци.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Родови

Царевиќ е македонско село.

Според истражувањата од 1920-1924, родови во селото:

  • Староседелци: Станковци (5 к.), Бекчевци (4 к.), Гусовци (6 к.), Димовци (2 к.), Калажеговци (1 к.) и Мицковци (1 к.)
  • Доселеници: Соколовци (8 к.) доселени биле во почетокот на 19 век од некое прилепско село; Бошковци (5 к.) доселени биле во почетокот на 19 век од селото Раец; Илевци (1 к.) доселени во 1860 година од селото Радобил; Бачковци со Данчевци (2 к.) доселени се во 1870 година од селото Смолани; Пешиќовци со Дујевци (2 к.) доселени се во 1880 година од селото Радобил; Котевски (1 к.) доселени се во 1904 година од селото Марул.[11]
Remove ads

Општествени установи

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1430 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватна куќа. Во ова избирачко место е опфатено и селото Дрен.[12]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 8 гласачи.[13]

Културни и природни знаменитости

Цркви

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads