Црвеноклуна блатна кокошка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Црвеноклуната блатна кокошка (науч. Gallinula chloropus) е птица од семејството блатни кокошки која има речиси светска распространетост. Но, орнитолошките здруженија на Северна и Јужна Америка гласаа во јули 2011 година да ја издвојат американската форма на оваа птица во посебен вид, имплементирајќи ја одлуката веднаш, но другите светски здруженија сè уште не ја промениле таксономијата.[2] Оваа птица ја има и во Македонија.
Remove ads
Опис

Црвеноклуната блатна кокошка е многу специфичен вид, со темно перје одозгора, бело под опашката, жолти нозе и црвен штит на лицето. Младенчињата се покафеави и немаат црвено на лицето. Имаат широк спектар жабурливи повици, а гласно с’скаат кога се во опасност.[3] Тие се средни до големи блатни кокошки со должина од 30 до 38 см, распон на крилјата од 50 до 62 см и тежина од 192 до 500 грама.[4][5]
Таа е вообичаена птица во мочурливите предели и езерцата со бујна растителност. Популациите од посеверните предели каде езерата замрзнуваат, како јужна Канада, северни САД, источна Европа, се птици преселници. Оваа птица се храни со разни растенија и мали водни животни. Тие „пасат“ крај или во плитката вода. Вообичаено се прикриени во растителноста, но знаат да бидат и питоми. И покрај загубата на живеалиштата, тие се широко распространети. Се борат за својата територија. Гнездото им претставува кошничка на земјата или во густата растителност. Лежењето им започнува напролет и обично несат околу 8 јајца. Второто легло е послабо со 5-8 јајца. Гнездото подоцна може да го употреби друга женка. Инкубацијата трае околу 3 недели, а ја извршуваат обата родитела. И малечките ги хранат двајцата родители. Малите се оперјуваат по 40-50 дена, а по неколку недели сатнуваат независни. Може да создадат свое легло следната пролет. Кога се во опасност, малечките може да се закачат на телото од родителот, по што тој одлетува на посигурно место.[3][6]
- Гнездо
- Пиле старо 1–2 недели
- Млади на возраст од 1 месец, сè уште без перје
- Младенче на возраст од 3–4 месеци
Remove ads
Статус
Иако на некои места популацијата им се намалува, сепак, оваа птица е широко распространета и вообичаена, па според класификацијата спаѓа во вид со најмала загриженост.[1][1]
Подвидови
Има дванесетина подвида кои денес се сметаат за валидни, а неколку кои се прифатени како синонимски.
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
