Чагор

поранешно село во Битолско From Wikipedia, the free encyclopedia

Чагорmap
Remove ads

Чагор — историско село на територијата на Општина Битола. Денес местото се наоѓа во крајниот северен дел на атарот на с. Лопатица.

Кратки факти
Remove ads

Географија

Селото се наоѓало во областа Пелагонија, на надморска висина од 800 м крај Чагорска Река, лева притока на Шемница. Било оддалечено на 20 северно од Битола и на 2 км северно од Лопатица.[2] Лежело на местото веднаш над регионалниот пат Битола - Демир Хисар.

Историја

Подрачјето на Чагор селото е населено барем од доцноантичко време, за што сведочат остатоците од утврдената населба Чагорско Кале која датира од тој период.[3]

Во османлиско време селото се јавува во документ од 1468 г. во кој се споменуваат следниве жители: Велко, син на Петко; Групче, син на Петко; Димитри, син на Петко; поп Рајко, Стајко стар; Пејо, син на Стајко; Расомир, брат на Стајко; поп Трајко; Димитри, син на Михо; Пејо, син на Михо; Никола, син на Михо; Ралче, син на Михо; Пејо, син на Ралче; Тале, син на Радослав; Ралче, син на Михо; Пејо, син на Ралче; Михал, син на Стариот; Тодор, син на Марко; Јорфо, син на Марко; Пројко, зет на Михо; Радослав седлар; Рајко, син на Беле; Тодор, син на Поточар; Ненче, син на Согач; Михо, син на Тане; Богдан, зет на Михо; Јорго, син на Коста; Тодор, син на Полјакот; Јонко, син на Рајче. Имало 23 семејства и 2 неженети, со вкупно население од 129 жители.[4]

Во 1568 г. селото имало 114 жители. Плаќале данок од 1.380 златници, од кои 625 за испенџе, 320 за пченица, 300 за јачмен и ’рж, како и за лен, за улишта, данок за свињи и свадбарина.[4]

Во XIX век Чагор е заведен како чисто македонско село во Битолската нахија на Битолската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Чагор имал 130 жители, сите Македонци христијани.[5][6]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 година, Чагор се води како чисто македонско село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 10 куќи.[7]

Целото население потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Чагар (Tchagar) имало 48 Македонци, сите под егзархијата.[6][8]

Денес од ова село нема остатоци, освен Чагорскиот манастир со еднинствената црква „Св. Никола[9] од втората четвртина на ХVІІ век. Живописот на олтарот веројатно е дело на мајстори од Линотопската школа.[10]

Во 1914 г. селото имало 30 жители. За време на Првата светска војна населението го напуштило Чагор, а последните 6 домаќинства се иселиле во 1926 г. Чагорци се преселени претежно во Битола, Лопатица, Лисолај, Могила, Мојно, Тополчани и Секирани.[2]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Верски објекти

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads