Грбовец

село во Општина Кавадарци From Wikipedia, the free encyclopedia

Грбовецmap
Remove ads

Грбовец (или Грбавец) — село во Општина Кавадарци. Денес нема жители.[2]

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Селото е сместено во Тиквешијата, меѓу Драдња на североисток и Кесендре на северозапад, на надморска височина од 670 м. Атарот зафаќа површина од 17,5 км2.[3] Јужната и југоисточната граница го следат текот на Дреновица.

Историја

Подрачјето на Грбовец е населено уште од римското време, за што сведочат остатоците од населба и некропола на наоѓалиштето Преслап околу 4 км југозападно од селото по воздушна линија.[4]

Во XIX век Грбовец било чисто македонско село во Тиквешката каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Грбавец имал 270 жители, сите Македонци христијани.[5][6]

Целото население на селото потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Грбавец (Garbavetz) имало 224 Македонци, сите под егзархијата.[5][7]

Remove ads

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[8]

На пописот по Втората светска војна, во селото се забележува огромен пад на населението. Намалувањето на бројноста на жителите продолжила и понатаму за на крај да се сведе на само 3 жители според пописот од 1971 г. Во текот на наредните години Грбовец е наполно напуштен. Според пописот од 2002 година, селото немало ниеден жител.[2] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови

Грбовец е македонско село.

Според истражувањата од 1920-тите, Родови во селото биле:

  • Староседелци: Таневци (14 к.), Миновци (1 к.) и Бечовци (3 к.)
  • Доселеници: Колевци (5 к.) доселени се од селото Возарци; Шоповци (2 к.) доселени се од некое село во Овче Поле; Ајтовци (1 к.) доселени се од селото Мрамор; Терзијовци (3 к.) доселени се од селото Шивец, а таму од селото Дреново; Чупевци (1 к.) доселени се од селото Дреново, а таму од селото Возарци.[13]

Општествени установи

  • Црква „Св. Петка“[14]

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта[4]
  • Преслап — населба и некропола од римско време
Растителност

Личности

Личности родени во Грбовец:

Remove ads

Иселеништво

Според истражувањата на Воислав Радовановиќ од 1920-тите, постари иселеници од Грбовец се следниве:[16]

  • Бегниште, Кавадаречко: Миновци (1 куќа)
  • Возарци, Кавадаречко: Димковци (1 куќа)
  • Беловодица, Прилепско: Грбавци (1 куќа), од домазетот Стојан доселен во 1906 г.
  • Дрен, Прилепско: Ризовци (1 куќа)
  • Праведник, Кавадаречко: Мицевци (1 куќа) и Таневци (1 куќа)
  • Шешково, Кавадаречко: Димовци (2 куќи) и Бошевци (3 куќи)
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads