Блатец

село во Општина Виница From Wikipedia, the free encyclopedia

Блатецmap
Remove ads

Блатецсело во Општина Виница, оддалечено 10 километри од градот Виница. Ова е најголемото село во општината.

Кратки факти

До 2004 година, селото претставувало административно седиште на поранешната истоимена општина.

Remove ads

Географија и местоположба

Thumb
Поглед кон Блатец

Блатец се наоѓа во југоисточниот дел на Кочанската Котлина. Лежи во северното подножје на планината Плачковица, на работ меѓу планинската падина и благо наведнатата езерска површина од некогашното Виничко-Кочанско езеро на надморска височина од 710 метри. Расположено е од двете страни на реката Блатешница. Бидејќи езерската површина на која лежи Блатец е благо наведната, оддалеку куќите изгледаат една над друга.[2]

Remove ads

Историја

Стопанство

Селото има мошне голем атар, којшто зафаќа простор од 77,5 км2. На него доминираат шумите на површина од 4.625,2 ха, обработливото земјиште зафаќа површина од 1.297,6 ха, а на пасиштата отпаѓаат 546,8 ха. Во однос на земјоделството, населбата има мешовита функција.[3]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, селото имало 4.040 жители, од кои 3.000 Турци, 960 Македонци и 80 Роми.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Блатец имало 1.120 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 1.550 Турци и 850 Македонци.[6]

Во 1953 година, 63% од вкупното население го сочинувале Турци, кои во средината на 50-тите години најголем дел се иселиле во Турција. Според пописот од 2002 година живеат во 498 семејства со 1.594 жители, сите Македонци христијани.[7][8]

Голем дел од населението на Блатец сезонски работи и живее во Италија.[9][10] Во последните 50 години населението на селото Блатец се преполовило.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 896 жители, од кои 847 Македонци, 2 Албанци, 1 Србин, 4 останати и 42 лица без податоци.[11]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[12]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[13]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]

Родови

Thumb
Црквата „Св. Илија“ во Блатец

Блатец денес, во целост е населено со родови на Македонци од православна христијанска вероисповед, од кои дел се старинци кои живеат уште од времето на отоманското владеење, а дел се подоцна доселени по 1955 година[16]. Стари македонски родови во Блатец се: Стаменовци, Мишовци, Вачковци, Смилјановци, Кацарци, Дунѓерци, Калајџивци, Самарџивци и Грнчарци при што сите слават Воведение на пресвета Богородица; Најчовци, Синадинци, Чорбаџици и Петковци слават Свети Атанасиј; Јанкуловци, Мутавџици, Маљаци, Стојмирци и Босаци слават Свети Никола; Куткуданци, Кљукарци и Муарудци слават Св. Архангел; Димовци слават Митровден[16]. За сите овие македонски родови постои предание дека се доселени претежно во првата половина на XIX век, од различни селишта во непосредната околина на денешното село, имено родот Мутавџици се доселиле од месноста Вигни на Плачковица, останите од месностите Селиште, Спас, Садово, Мојмија, св. Недела, Црквиште каде по предание порано имало по неколку „каурски куќи[16], што упатува дека најверојатно овие родови се староседелци, а со надоаѓањето на турските родови во минатото се повлекле како сточари во поближните планински месности. Подоцна, во периодот од 1955 до 1959 година, на куќите и имотите на иселените турски родови во Блатец се доселени и македонски родови од пет села во Кочанската Котлина: Лаки, Пекљани, Трсино, Драгобраште и Калиманци (околу 100 куќи), а има и од Беровско, Делчевско и Кривопаланечко (околу 40 куќи)[16].

Remove ads

Самоуправа и политика

Во 1996 г. Блатец бил административен центар наистоимената општина, составна од селата Блатец и Липец, која се оддвојила од Општината Виница. Во 2002 г. според новите административни поделби општината Блатец повторно станува дел од Општина Виница.[17]

Избирачко место

Во селото постојат избирачките места бр. 330 и 331 според Државната изборна комисија, сместени во месна заедница и основното училиште.[18]

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.241 гласач.[19]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта[20]
Цркви
  • Црква „Св. Илија - главната селска црква;
  • Црква „Св. Кирил и Методиј - црква во изградба;
Remove ads

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Во Блатец постои основно училиште Кочо Рацин. Верскиот објект е црква посветена на св. Пророк Илија.

Иселеништво

Блатец во последните години силно се празни, поради лоша економска состојба, над 700 млади луѓе се иселени од Блатец во Италијанското гратче Канели. Од 400 ученици во 1995 година, во 2000 останале само 130.[22]

Ова село во минатото било населено со мнозински турско население. Но тие до 1959 година се иселиле во Турција. Во 1926 година во Турција се иселиле околу 40 семејства, додека од 1955 до 1959 година се иселиле 380 семејства. Потомците на иселените Турци од ова село се наоѓаат во Истанбул, Измир и Бурса.[16]

Remove ads

Поврзано

  • Општина Блатец
  • Блатец (Сливенска област)
  • Блатец (Ќустендилска област)
  • Блатец (Чешка)

Наводи

Надворешни врски

Галерија

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads