1760-ти
десетлетие From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Оваа статија не наведува никакви извори. (октомври 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| < 1750-ти | 1760-ти | 1770-ти > | |||||||
| 1760 | 1761 | 1762 | 1763 | 1764 | 1765 | 1766 | 1767 | 1768 | 1769 |
Настани
- 1760 — Џорџ III е крунисан за британски крал.
- 1762 — во Русија на власт дошол царот Петар III, кој бил убијен само после шест месеци владеење.
- 1762 — убиениот руски цар Петра III го наследила неговата жена Катерина II, позната како Катерина Велика.
- 1763 — завршила Седумгодишната војна меѓу Обединетото Кралство и Франција, после која Франција морала на Обединетото Кралство да му ги препушти своите поседи во Канада.
- 1764 — Сикулицидиум, колеж на Секељите во Мадефалви.
- 1768 — Гурките го покориле Непал.
- 1769 — Џејмс Кук ги истражувал и картирал бреговите на Нов Зеланд и Австралија.
- 1769 — почеток на Големиот глад во Бенгал, кој за четири години убил третина од населението на Бенгала.
Remove ads
Личности
Родени
- 1760 — родена Дора Сток, германска сликарка.
- 1760 — роден Папа Лав XII, римски папа од 28 септември 1823 до 10 февруари 1829.
- 1760 — роден Клод Анри де Сен-Симон, француски социјалист, утопист и филозоф.
- 1761 — роден Блазиус Мерем, германски природонаучник, зоолог, орнитолог и херпетолог.
- 1761 — роден Папа Пиј VIII, римски папа од 31 март 1829 до 30 ноември 1830.
- 1761 — роден Селим III, дваесет и осми султан на Отоманското Царство во периодот од 7 април 1789 до 29 мај 1807.
- 1761 — роден Филипо Буонароти, италијански утописки социјалист, писател, агитатор, масон и заговорник.
- 1761 — роден Готлоб Ернст Шулце, германски филозоф, претставник на скептицизмот.
- 1762 — роден Антим III Цариградски, вселенски патријарх во периодот од 1822 до 1824 година.
- 1762 — роден Антон Бернолак, словачки јазичар и католички свештеник и создавач на првиот стандард за словачкиот јазик.
- 1762 — роден Јохан Готлиб Фихте, германски идеалистички филозоф.
- 1762 — роден Андре Шенје, француски поет.
- 1762 — роден Џеремаја Бенџамин Рихтер, германски хемичар.
- 1763 — родена Жозефина де Боарне, првата жена на францускиот војсководец и цар Наполеон Бонапарт.
- 1763/1764 — роден Мехмед Саид Галип-паша, османлиски државник, голем везир од 13 декември 1823 до 14 септември 1824.
- 1764 — роден Елизабета Француска, сестра на кралевите Луј XVI, Луј XVIII и на Шарл X.
- 1765 — роден Вилијам IV, бил крал на Обединето Кралство на Велика Британија и Ирска и на Хановер од 26 јуни 1830 па сè до неговата смрт.
- 1765 — роден папа Григориј XVI, римски папа од 2 февруари 1831 до 1 јуни 1846.
- 1765 — роден Јохан Фридрих Пфаф, германски математичар.
- 1765 — роден Роберт Фултон, северноамерикански инженер и пронаоѓач.
- 1765 — роден Жозеф Ниепс, француски хемичар.
- 1766 — роден Џон Далтон, англиски хемичар и физичар.
- 1766 — родена Ана де Стал, француска пистелка.
- 1767 — роден Џон Квинси Адамс, дипломат, политичар и шестиот претседател на дипломат, политичар и шестиот претседател на САД.
- 1767 — роден Вилхелм фон Хумболт, пруски филозоф, владин функционер, дипломат и основач на Универзитетот Хумболт во Берлин.
- 1767 — роден Ендру Џексон, седмиот претседател на САД.
- 1768 — роден Жозеф Бонапарт, крал на Неапол и крал на Шпанија.
- 1768 — роден Жозеф Фурје, француски математичар и физичар.
- 1768 — роден Хрисант Цариградски, македонски свештеник на Цариградската патријаршија и вселенски патријарх од 1824 до 1826 година.
- 1768 — роден Франсоа Рене де Шатобријан, француски политичар, дипломат, историчар и писател кој претставува предвесник на романтизмот во Франција.
- 1769 — роден Агатангел Цариградски, вселенски патријарх во периодот од 1826 до 1830 година, а претходно бил и митрополит во Белград во периодот од 1816 до 1825 година.
- 1769 — роден Артур Велсли Велингтон, прв војвода од Велингтон, британски аристократ, маршал (генералисимус) и државник.
- 1769 — роден Жорж Кивје, француски природонаучник и барон.
- 1769 — роден Кирил VI Цариградски, вселенски патријарх во периодот од 1813 до 1818 година.
- 1769 — роден Иван Андреевич Крилов, руски поет и баснописец.
- 1769 — роден Мухамед Али Паша, отомански албански командант во османлиската армија кој успеал да стигне до позицијата валија и да се прогласи за управител на Египет и Судан во првата половина на XIX век.
- 1769 — роден Наполеон Бонапарт, француски император, основоположник на многу реформи на Француската револуција.
- 1769 — роден Александар фон Хумболт, германски географ и природонаучник.
- 1769 — роден Коџа Хусрев Мехмед-паша, османлиски капудан-паша („голем адмирал“) на Османлиската морнарица и државник кој се издигнал на позицијата голем везир подоцна во неговата кариера, во периодот меѓу 2 јули 1839 и 8 јуни 1840 година за време на владеењето на Абдулмесид I.
Починати
- 1761 — починат Стивен Хејлс, англиски физиолог, хемичар и пронаоѓач.
- 1762 — почината Елисавета Петровна, царица на Русија во периодот од 1741 до 1762 година.
- 1762 — починат Јохан Тобијас Кребс, германски оргулар и композитор од времето на барокот.
- 1762 — починат Петар III, император на Русија во продолжение на неколку месеци во текот на 1762 година и основоположник на династијата Холштаин-Готорп-Романов.
- 1762 — починат Џејмс Бредли, англиски астроном.
- 1763 — починат Пјер Мариво, француски писател.
- 1764 — починат Иван VI, император на Русија во периодот од 1740 до 1741 година.
- 1764 — почината Мадам де Помпадур, љубовница на Луј XV, прочуена по својата убавина и смисла за хумор.
- 1765 — починат Алекси Клеро, француски математичар, астроном, геофизичар и интелектуалец.
- 1765 — починат Михаил Ломоносов, руски научник, писател, академик, енциклопедист.
- 1765 — починат Франц I, владетел од Лотариншката династија како цар на Светото Римско Царство (1745-1765), надвојвода на Австрија (1740-1765), војвода од Тоскана (1737-1765) и војвода од Лорена (1729-1737).
- 1766 — починат Доминикус Цимерман, германски архитект.
- 1768 — починат Каналето, венецијански пределен уметник.
- 1769 — починат папа Климент XIII, римски папа од 16 јули 1758 до 2 февруари 1769.
- 1769 — починат Антоан Франсоа Прево, француски писател.
Remove ads
Откритија
- ...
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads