1770-ти
десетлетие From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Оваа статија не наведува никакви извори. (октомври 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета.  | 
| < 1760-ти | 1770-ти | 1780-ти > | |||||||
| 1770 | 1771 | 1772 | 1773 | 1774 | 1775 | 1776 | 1777 | 1778 | 1779 | 
Настани
- 1770 — големиот глад во Чешка.
 - 1772 — Првата поделба на Полска.
 - 1773 — во бостонското пристаниште дошло до протест на американските колонисти познат како Бостонска чајна забава.
 - 1773 — почнало Пугачовото востание, најголемата селска буна во руската историја.
 - 1774 — Јохан Волфганг Гете го објавил Страдањата на младиот Вертер.
 - 1775 — почнала Американската војна за независност.
 - 1776 — донесена американската Декларацијата за независност на САД.
 - 1776 — револуција во Чешка.
 - 1778 — почнала војната за баварското наследство меѓу Австрија и Прусија, која завршила година дена подоцна.
 - 1778 — Џејмс Кук станал првиот Европеец кој дошол на Хаваите.
 
Remove ads
Личности
Личности од Македонија
Родени
- 1770 — роден Константин Бели - Македонецот, австриски барон од македонско потекло, роден во Блаца, Кајларско, Егејска Македонија, од каде неговото семејство се иселува во Австроунгарија.
 - 1771 — роден Кирил Пејчиновиќ - Тетоец, македонски просветителски автор кој сите свои дела ги напишал на народен јазик.
 - 1774 — роден Свети Анастасиј Радовишки, македонски христијански светец - новомаченик.
 - 1775 — роден Ѓурчин Кокалески, еден од првите македонски преродбеници и општественици. Автор е на првиот македонски автобиографски текст на народен јазик и со словенското писмо под наслов „Наказание“.
 
Личности од светот
Родени
- 1770 — роден Лудвиг ван Бетовен, германски композитор на класична музика и пијанист.
 - 1770 — роден Вилијам Вордсворт, англиски поет-романтичар.
 - 1770 — роден Етјен Пивер де Сенакур, француски филозоф и есеист.
 - 1770 — роден Георг Вилхелм Фридрих Хегел, германски филозоф.
 - 1771 — роден Роберт Овен, англиски социјалист, еден од најпознатите претставници на утопискиот социјализам.
 - 1771 — роден Мехмед Селим-паша, османлиски државник, голем везир на султанот Махмуд II од 14 септември 1824 до 24 октомври 1828 година.
 - 1771 — роден Волтер Скот, шкотски поет и романописец, творец на модерниот историски роман.
 - 1772 — роден Лук Хауард, англиски аптекар и аматерски метеоролог.
 - 1772 — роден Мелетиј III Цариградски, вселенски патријарх во 1845 година.
 - 1772 — роден Нино, грузиска кралска принцеза (батонишвили) како ќерка на кралот Георгиј XII Грузиски и сопружна принцеза на Мингрелија како сопруга на Григол Дадијани, суверениот принц на Мингрелија.
 - 1772 — роден Давид Рикардо, англиски економист, главен претставник на англиската класична школа.
 - 1773 — роден Витез Михај Чоконаи, унгарски поет.
 - 1773 — роден Роберт Браун, шкотски ботаничар.
 - 1774 — роден Каспар Давид Фридрих, германски романтистички пределен сликар.
 - 1775 — роден Андре Мари Ампер, основач на електродинамиката, француски физичар и математичар.
 - 1775 — роден Кирил VII Цариградски , вселенски патријарх од 1855 до 1860 година.
 - 1775 — родена Џејн Остин, англиски романописец.
 - 1775 — роден Фридрих Вилхелм Јозеф фон Шелинг, германски филозоф, претставник на идеализмот.
 - 1776 — роден Ернест Теодор Хофман, германски писател, композитор, цртач, судија и професор по музика.
 - 1776 — роден Јоанис Каподистријас, руски министер за надворешни работи со грчко потекло и прв премиер на новосоздадената грчка држава.
 - 1776 — роден Николај Каменски, руски генерал.
 - 1776 — роден Џон Констабл, англиски уметник од времето на романтизмот.
 - 1776 — родена Накшидил султан, сопруга на османлискиот султан Абдул Хамид I и валиде султан на нејзиниот син Махмуд II.
 - 1777 — роден Александар I, император на Русија во периодот од 1801 до 1825 од династијата Холштаин-Готорп-Романов.
 - 1777 — роден Карл Фридрих Гаус, германски математичар.
 - 1777 — роден Фридрих де ла Мот Фуке, германски писател од романтистичкото движење.
 - 1777 — роден Ханс Кристијан Ерстед, дански физичар, хемичар, и следбеник на Имануел Кант кој го открил магнетниот ефект на електричната струја.
 - 1777 — роден Лукијан Мушицки, српски владика и поет.
 - 1778 — роден Жозеф Геј-Лисак, француски хемичар и физичар.
 - 1778 — роден Јозеф Вроњски, полски филозоф, математичар, физичар, правник и економист.
 - 1778 — роден Кунрад Јакоб Теминк, холандски аристократ и зоолог.
 - 1779 — роден Антим V Цариградски, вселенски патријарх во период од тринаесет месеци во 1841 до 1842 година.
 - 1779 — роден Мустафа IV, дваесет и деветтиот султан на Отоманското Царство во периодот од 1807–1808 година.
 
Починати
- 1770 — починат Џовани Батиста Тјеполо, италијански фрескосликар во стилот рококо и еден од последните претставници на Венецијанската школа.
 - 1771 — починат Томас Греј, англиски поет.
 - 1771 — починат Бартоломео Растрели, руски архитект со италијанско потекло.
 - 1771 — починат Џовани Батиста Моргањи, италијански медицински научник.
 - 1772 — починат Емануел Сведенборг, шведски научник, филозоф, мистик и теолог.
 - 1774 — починат папата Климент XIV, римски папа од 19 мај 1769 до 22 септември 1774 година.
 - 1774 — починат Мустафа III, дваесет и шестиот султан на Отоманското Царство.
 - 1775 — починат Кирил V Цариградски, вселенски патријарх во два наврати од 1748 до 1751 година и од 1752 до 1757 година.
 - 1775 — починат Самуил Цариградски, вселенски патријарх во два наврати во периодите од 1763 до 1768 година и од 1773 до 1774 година.
 - 1776 — починат Дејвид Хјум, шкотски филозоф и историчар.
 - 1777 — починат Максимилијан III Јосиф, владетел од династијата на Вителсбаховците како изборен кнез на Баварија (1745–1777).
 - 1778 — починат Франсоа Волтер, француски просветителски писател, историчар и филозоф, познат по неговата духовитост и по неговото застапување за граѓанска слобода, вклучувајќи ги и верската слобода и слободната трговија.
 - 1778 — починат Жан-Жак Русо, женевски филозоф, писател и композитор од периодот на францускиот романтизам.
 - 1779 — починат Џејмс Кук, англиски морепловец, откривач на источниот брег на Австралија, многу острови во Јужниот Тихи Океан и прв кој ги обиколил бреговите на Алјаска.
 - 1779 — починат Антон Рафаел Менгс, германски сликар од Чешка.
 - 1779 — починат Серафим II Цариградски, вселенски патријарх во периодот од 1757 до 1761 година.
 
Remove ads
Откритија
- ...
 
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads