Ќафа

село во Општина Гостивар From Wikipedia, the free encyclopedia

Ќафаmap
Remove ads

Ќафа — раселено село во Општина Гостивар, во областа Горен Полог, во околината на градот Гостивар.

Кратки факти
Remove ads

Потекло и значење на името

Името го добило според неговата местоположба – се наоѓа на пресека помеѓу областите Полог и Кичевија. Зборот ќафа (qafë) е од албанско потекло, со значење превој, седло, а понекогаш значи и врат.[2]

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во областа Горен Полог, во подрачјето на планината Добра Вода. Селото е планинско, на надморска височина од 1.440 метри.[3] Од градот Гостивар, селото е оддалечено 20 километри.

Ќафа се наоѓа на гребенот Буковиќ, непосредно до границата помеѓу Полог и Кичевијата. Во минатото, водата за пиење доаѓала од две чешми во самото село. Во атарот на селото избиваат изворите Корито, Крој Шеве и Чешма Танушит.[2]

До селото води асфалтен пат, кој се двои од локалниот пат до селото Бериково.

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Селце, Гури Бериковас, Лимоче, Моје Кодрес, Ќафа, Моле, Гури Бард, Ра Синанит, Муриза, Кодра Селцес, Ула Љак, Ливаде Арушес, Шулана Коритаве, Шаре Маде, Дарде Љамит, Моле Сарат и Љугу Дераве.[2]

Селото има збиен тип. Роднинските куќи се блиску една до друга и се групирани. Во секое маало живеат припадници на еден род. Такви групи куќи се Синалар, Алијалар и Ценалар.[2]

Remove ads

Историја

Во турски пописни дефтери од втората половина на XV се споменува селото Буковик, Крчовска Нахија, како дервенџиско село со 24 домаќинства. Според Јован Трифуноски, постои можност Ќафа да е наследник на ова пусто селиште.[2]

Околу 2 км северозападно од Ќафа се наоѓа месноста Селце. Според жителите на соседна Железна Река, Селце некогаш било населено со православни Македонци, кои подоцна се иселиле. Не постојат многу податоци за историјата на ова село. Денешното село е основано од доселените албански родови.[2]

Селото било запалено три пати. Запалено е двапати во Првата светска војна, а третиот пат, поради учеството на Албанците на страната на окупаторите, повторно во 1944 г., за време на Втората светска војна. По крајот на војната е обновено со помош од тогашните власти.[2]

Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[4]

Стопанство

Атарот на селото зафаќа простор од 10,4 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 907 хектари, а на обработливото земјиште 94 хектари.[3]

Селото, во основа, има мешовита функција.[3]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Ќафа живееле 100 жители, сите Албанци муслимани.[5]

Според податоците на Афанасиј Селишчев во 1929 година, селото имало 22 куќи со 114 жители.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 150 Албанци.[7]

Ќафа е мало село, населена со албанско население. Таа во 1961 г. имала 224 жители, додека во 1994 г. бројот се намалил на 34 жители.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото има само 5 жители Албанци.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови

Ќафа е албанско село

Според истражувањата од 1947 година, родови во селото:

  • Доселеници: Синалар (17 к.), Алијалар (7 к.) и Ценалар (4 к.) доселени се од областа Матија во Северна Албанија.[2]

Иселеништво

Се знае за следниве иселеници: Дуковци (4 к.) во Папрадиште, и Асановци (1 к.) во Бериково.[2]

Во поречкото село Требовље живее родот Барутовци (9 к.). Тие се дослени од некое село Трн во Албанија. По преданието од Трн тргнале тројца браќа, првиот отишол во Бериково, Кичевско, вториот во Ќафа, а третиот во Требовље. Подоцна, првите два браќа го примиле исламот и се поалбаничле.[2]

Remove ads

Самоуправа и политика

Во XIX век, Ќафа било село во Тетовската Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Кичево, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2013 година. Во периодот од 1996-2013 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Осломеј.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кичево. Селото припаѓало на некогашната општина Осломеј во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото се наоѓало во рамките на Општина Србиново, во која покрај Ќафа, се наоѓале Железна Река, Куново, Падалиште, Србиново, Страјане и Трново. Во периодот 1950-1952 година, селото се наоѓало во тогашната општина Падалиште во која влегувале селата Ќафа, Железна Река и Падалиште.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 782 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 38 гласачи.[14]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads