Џон Ленон

From Wikipedia, the free encyclopedia

Џон Ленон
Remove ads

Џон Винстон Ленон, МБЕ (подоцна Џон Оно Ленон) (9 октомври 19408 декември 1980) — познат како пејач, композитор и гитарист на Битлси. Неговата креативна кариера содржи и епизоди во кои Ленон може да се опише како политички активист, уметник, глумец и писател. Дел е од тимот Ленон-Мекартни, можеби најуспешното кант-авторско дуо во историјата на рок-музиката. Истовремено, во својата соло-кариера, Ленон останува запамтен и како автор на Imagine и Give Peace A Chance, две од најпознатите песни на дваесеттиот век. Тој е една од големите музички икони на дваесеттиот век.

Кратки факти Џон Ленон, Основни податоци ...

Негова жена била Јапонката Јоко Оно од 20 март 1969 година до 8 декември 1980 година, кога Ленон е застрелан од еден негов психички пореметен обожавател, Марк Дејвид Чепмен, во Њујорк.

Во 2002 година, според анкетата 100 најголеми Британци на Би-Би-Си Ленон бил рангиран на осмото место. Во 2004 година, списанието Rolling Stone го прогласило Ленон за 38. најголем музичар на сите времиња на својата листа „Бесмртните: Педесетте најголеми уметници на нашата епоха“. На истата листа, Битлси го зазеле првото место.

Во 1969 година, заедно со другите членови на „Битлси“, Ленон го добил Орденот на Британската Империја, но четири години подоцна го вратил орденот, наведувајќи неколку причини: вмешаноста на Британија во војната во Нигерија, поддршката што Британија ѝ ја давла на САД во војната во Виетнам и лошиот комерцијален успех на неговата песна „Студена мисирка“ (Cold Turkey).[1]

Remove ads

Надворешни врски

Кратки факти
Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads