Жерви

From Wikipedia, the free encyclopedia

Жервиmap
Remove ads

Жерви или Жерве (грчки: Ζέρβη, Зерви) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Воден на Постолскиот округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 303 жители (2011) и до денес е целосно населено со Македонци.[2]

Кратки факти Жерви Ζέρβη, Земја ...
Thumb
Црквата „Св. Тома“ во Жерви
Remove ads

Географија и местоположба

Селото сместено 23 км западно од градот Воден, на јужното подножје на планината Кајмакчалан, на надморска височина од 760 м.[2]

Историја

Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович го опишал Жерве како македонско[3] село.[4] Меѓу 1896 и 1900 г. селото потпаднало под врховенството на Бугарска егзархија[5].

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) в 1900 г. во селото живееле 290 Македонци христијани.[6][7] Целото население било под врховенството на Бугарската егзархија. По податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Жерви (Jervi) имало 280 жители, сите Македонци[6].[8]

Со Букурешкиот договор во 1913 г. селото е припоено кон грчката држава, кога имало 256 жители.[2] Во патописниот попис од 1917-18 г. Боривое Милоевиќ забележал 40 македонски куќи.[2]

Жерви значајно настрадало во Граѓанската војна, поради што неколку семејства и поединци пребегнале во Р Македонија, а другите се засолниле на побезбедни места.[2] По нормализацијата на состојбите, повеќемината се вратиле во селото.

Remove ads

Население

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

Селото припаѓа на општинската единица Островско Езеро со седиште во Острово, која припаѓа на поголемата општина Воден, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Ослово, каде спаѓа и селото Ослово.

Стопанство

Селото е полупланинско и прилично пасивно. Највеќе се огледуваат пченицата и пченката, оревите и црешите, а делумно е застапено и сточарството.[2] Во близина на Жерви има и коп на мермер.

Цркви

  • „Св. Тома“
  • „Св. Петка“ (вон самото село)

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads