Залово

From Wikipedia, the free encyclopedia

Заловоmap
Remove ads

Залово (грчки: Τρίκωμο, Трикомо; до 1927 г. Ζάλοβο, Залово[2]) — село во Гребенско, Егејска Македонија, денес во општината Гребен на Гребенскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 116 жители (2011).

Кратки факти Залово Τρίκωμο, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото е оддалечено околу 15 км југозападно од градот Гребен, во близина на реката Венетик, на нејзината лева страна, на надморска височина од 780 м.[3] Во непосредна близина на селото се сместени Заловски и Азиз-агин мост.

Историја

Во Отоманското Царство

Црквата Св. Атанасиј е изградена во 1861 година.[4]

Во XIX век Залово било грчко село во Гребенската каза на Серфиџенскиот Санџак.

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Залово живееле 300 Грци.[5]

Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Залово живееле 375 Грци христијани.[6]

Во Грција

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 568 жители. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 478.[3]

Во 1927 година, името на селото било променето во Трикомо (Τρίκωμο).

Remove ads

Стопанство

Населението произведува жито, компири и други земјоделски производи. Населението делумно се занимава и со сточарството.[3]

Население

Во пописот од 1913 година, селото било забележано со 568 жители, во 1920 година со 478 жители, во 1928 година со 634, во 1940 година со 651, во 1951 година со 461, во 1961 година со 416, во 1971 година со 237, во 1981 година со 202, а во 1991 година со 361 жители.[3] Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Remove ads

Самоуправа и политика

Селото припаѓа на општинската единица Теодорос Зјакас со седиште во селото Мавран, која припаѓа на поголемата општина Гребен, во округот Гребен. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Залово, во кој влегува и селото Рјахово.

Културни и природни знаменитости

Цркви

  • Црква „Св. Ѓорѓи“ — парохиска црква;[4]
  • Црква „Св. Атанасиј“ — изградена во 1861 година;[4]
  • Црква „Св. Петка“ — изградена во 1900 година.[7]

Мостови

  • Заловски мост — стар камен мост на реката Венетик кај Залово, прогласен за споменик на културата
  • Азиз-агин мост — стар камен мост на реката Венетик кај Залово, прогласен за споменик на културата

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads