Кинеско зелје
вид зеленчук From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Кинеско зелје (бок чој или пак чој, кинески: 上海青; науч. Brassica rapa subsp. chinensis) — сорта на репка мошне присутна во кинеската кујна. Не образува главичка и има мазни темнозелени листови набрани во сноп. Особено е застапена јужна Кина и Југоисточна Азија. Бидејќи е издржлива на студ, се одгледува и во северна Европа. Денес сочинува сортна група заедно со кинеската зелка, која порано се сметала за посебен вид под називот Brassica chinensis, даден од Карл Линеј.
Remove ads
Хранливост
Сировото кинеско селје се состои од 95% вода, 2% јаглехидрати, 1% белковини и помалку од 1% масти (табела). На 100 грама, дава 13 калории и е богата со (20% или повеќе од препорачаната дневната доза, ПДД) витамин А (30% ПДД), витамин Ц (54% ПДД) и витамин К (44% ПДД), а содржи и фолна киселина, витамин Б6 и калциум во умерени количини (10-17% ПДД) (табела).
Растението го зазема второто место по хранлива густина од вкупно 41 хранливи растенија.[3]
Remove ads
Токсичност при прекумерна употреба
Кинеското зелје содржи гликозинолоати. Овие соединенија во помали дози спречуваат рак, но, како и многу други супстанции, во прекумерни количини можат да бидат токсични, особено кај веќе заболени лица. Во 2009 г. е забележан случај на старица со шеќерна болест која секој ден јадела 1 до 1,5 кг (сирово) кинеско зелје за да си ја лечи болеста, и добила хипотироидизам (недоволно активна штитна жлезда) поради болеста, што довело до микседематозна кома.[4]
Remove ads
Галерија
- Насад на кинеско зелје
- Кинеско зелје
- Цветови на кинеското зелје
Поврзано
- Кинеска зелка
- Список на зеленчуци
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads