Кралска збирка

From Wikipedia, the free encyclopedia

Кралска збирка
Remove ads

Кралска збирка (англиски: Royal Collection) — уметничка збирка на британското кралско семејство и една од најголемите и најважните вакви збирки во светот. Распоредена е во тринаесет кралски дворци и поранешни резиденции ширум Велика Британија. Збирката е во сопственост на кралицата како суверен, но се чува во задолжбина за нејзините наследници и целата нација.[1][2]

Thumb
Антонис ван Дајк: „Чарлс I со г-динот де Сант Антоан“ (1633)

Содржи повеќе од 7.000 слики, 40.000 акварели и цртежи и околу 150.000 печатени графики, како и историски фотографии, таписерии, мебел, керамика, книги и други уметнички дела. Физички е распоредена на повеќе места; некои, како дворецот Хемптон Корт, се отворени за јавноста и бидејќи во нив не престојува кралското семејство, додека пак други, како Виндзорскиот замок се резиденции, но достапни за јавноста. Дел од збирката е сместена и во резиденции како Сандригем кои воопшто не се отворени за јавноста. Краличината галерија во Бакингемската палата во Лондон приредува изложби од збирката по неколку месеци во годината. Ваква галерија има и до Холирудскиот дворец во Единбург.

Се проценува дека збирката има вкупна вредност од 10 милијарди фунти.[3] Меѓутоа, други извори велат дека збирката е толку бесценета, што нејзината вредност не може да се процени.

Remove ads

Историја

Thumb
Петар Паул Рубенс: „Питагора како проповеда вегетаријанство“, ~1618–30

Преостанати се мошне малку експонати од времето пред кралот Хенри VIII. Најважните дела во збирката ги набавил кралот Чарлс I, кој бил страстен колекционер на италијански слики и главен клиент на фламанскиот сликар Антонис ван Дајк и други негови современици. По неговото погубување во 1649, збирката е продадена, но голем дел од неа е повратена по обновата на монархијата во 1660, кога Холандската Република на кралот Чарлс II му го дала таканаречениот „холандски дар“. Подоцна самиот Чарлс набавил многу слики и други дела. Џорџ III, со помош од Фредерик Огаста Бернард, кон збирката додал многу голем број дела, особено графики и цртежи, а кралицата Викторија и принцот Алберт придонеле како посветени колекционери на старомајсторски слики. Многу дела од збирката се предадени на музеи, особено во времето на Џорџ III и кралицата Викторија. Џорџ III го подарил најголемиот дел од тогашната кралска библиотека на Британскиот музеј (денес Британска библиотека) каде и денес книгите се заведени како „кралски“. Клучниот дел од оваа збирка го набавил Џејмс I од сличните збирки на Хемфри Лојд, лордот Ламли и ерлот од Ерандел.[4]

Во текот на владеењето на кралицата Елизабета II (1952–), збирката е значително зголемена со добро промислени набавки, наследства и дарови од разни земји.[5] Ваквите дарови го претставуваат ликовниот фонд на земјите од Комонвелтот.

Remove ads

Збирка

Слики, графики и цртежи

Кралската збирка е една од најголемите и најважните ризници на западната ликовна уметност. Делата се со највисок квалитет и се клучни за изучувањето на нивните творци. Со историја на набавки подолга од 400 години, оваа збирка е веројатно најстарата во светот.

Thumb
Леонардо да Винчи — „Бебе во утроба“, 1511
Thumb
Микеланџело Буонароти — „Восресение“, 1532)
Thumb
Рафаело Санти — „Чудесниот улов“, ~ 1515
Thumb
Тицијан — „Портрет на Јакопо Санацаро“ (1514–18)
Thumb
Лука Кранах Постариот — „Аполон и Дијана“, ~ 1526
Thumb
Ханс Холбајн Помладиот — „Портрет на Сер Томас Гилфорд“, 1527
Thumb
Питер Бројгел Постариот — „Колежот на витлеемските младенци“, 1565–67
Thumb
Караваџо — „Повикувањето на Свети Петар и Андреја“, ~ 1602-04
Thumb
Франс Халс — „Портрет на човек“, 1630
Thumb
Рембрант — „Агата Бас“, ~ 1641
Thumb
Антонис ван Дајк — „Чарлс I во три положби“, 1635
Thumb
Јан Вермер — „Час по музика“, 1665
Thumb
Клод Лорен — „Приморска глетка со Грабнувањето на Европа“, 1667
Thumb
Каналето — „Враќањето на бучинторото кај споменикот Моло на Спасовден“, 1738

Англоамерикански

  • Бенџамин Вест — 60 слики

Холандска школа (200+ дела)[6]

  • Абрахам Блумарт — 1 слика
  • Јан Бот — 1 слика
  • Јан де Бреј — 1 слика
  • Филип Вауверман — 5 слики
  • Адријан ван де Велде — 4 слики
  • Вилем ван де Велде Помладиот — 7 слики
  • Јан Веникс — 1 слика:
  • Јан Вермер — 1 слика
  • Адријан Ван дер Верф — 1 слика
  • Хуго ван дер Гус — 1 слика
  • Герит Дау — 4 слики
  • Мелхиор Дондекутер — 4 слики
  • Алберт Кејп — 7 слики
  • Николас Мас — 1 слика
  • Јан Мартенс Помладиот — 1 слика
  • Даниел Мејтенс — 9 слики
  • Габриел Метсу — 1 слика
  • Адријан ван Остаде — 5 слики
  • Рембрант ван Рајн — 6 слики
  • Јакоб ван Рејсдал — 1 слика
  • Саломон ван Рејсдал — 1 слика
  • Јан Стен — 7 слики
  • Герард Терборх — 2 слики
  • Хендрик Тербруген — 1 слика
  • Франс Халс — 1 слика
  • Јан ван дер Хејден — 2 слики
  • Мартен ван Хемскерк — 2 слики
  • Мајндерт Хобема — 2 слики
  • Герард ван Хонтхорст — 6 слики
  • Питер де Хох — 3 слики

Англиска школа

  • Вилијам Бичи — 17 слики
  • Томас Гејнсборо — 33 слики
  • Питер Лели — 20 слики
  • Едвин Лендсиер — 100 слики и цртежи
  • Томас Лоренс — 50 слики
  • Годфри Нелер — 15 слики
  • Џошуа Рејнолдс — 20+ слики
  • Џорџ Стабс — 18 слики
  • Вилијам Хогарт — 3 слики
  • Џон Хопнер — 7 слики

Фламанска школа

Француска школа

  • Симон Вуе — 1 слика
  • Иполит Деларош — 3 слики
  • Гаспар Диге — 3 слики
  • Жан Клуе — 1 слика, 1 минијатура
  • Франсоа Клуе — 3 слики
  • Никола де Ларжилјер — 1 слика
  • Жорж де Латур — 1 слика
  • Луј Ленен — 1 слика
  • Жан-Етјен Лиотар — 16 слики
  • Клод Лорен — 5 слики
  • Клод Моне — 1 слика
  • Жан-Батист Патер — 4 слики
  • Никола Пусен — најголема збирка на негови дела по онаа во Лувр
  • Есташ Ле Сјер — 1 слика

Германска школа

  • Франц Ксавиер Винтерхалтер — 120 слики, 20 цртежи и акварели
  • Албрехт Дирер — 1 слика
  • Јохан Зофани — 17 слики
  • Лука Кранах Постариот — 5 слики
  • Лука Кранах Помладиот — 1 слика
  • Георг Пенц — 1 слика
  • Ханс Холбајн Помладиот — 7 слики, 80 цртежи и 5 минијатури

Италијанска школа

  • Николо дел Абате — 1 слика
  • Алесандро Алори — 1 слика
  • Фра Анџелико — 1 слика
  • Јакопо Басано — 6 слики
  • Леандро Басано — 3 слики
  • Џовани Белини — 1 слика
  • Џанлоренцо Бернини — 50 цртежи
  • Франческо Боромини — 100 цртежи
  • Бронѕино — 1 слика
  • Микеланџело Буонароти — 20 цртежи
  • Дучо ди Буонинсења — 1 слика
  • Перин дел Вага — 2 слики
  • Џорџо Вазари — 1 слика
  • Палма Векјо — 2 слики
  • Антонио Верио — 1 слика
  • Паоло Веронезе — 3 слики
  • Леонардо да Винчи — 600 цртежи, најдобра збирка на неговите цртежи во светот[7]
  • Латанџио Гамбара — 8 слики
  • Рафаелино дел Гарбо — 1 слика
  • Гверчино — 1 слика, и најголема група на негови цртежи во светот, со 400 табаци, 200 од неговите помошници и 200 други дела
  • Бернардо Дади — 1 слика
  • Карло Долчи — 1 слика
  • Доменикино — 1 слика, 1.700 цртежи во 34 албуми (најзастапен уметник во збирката)
  • Досо Доси — 2 слики
  • Франческо Ѕукарели — 27 слики
  • Каналето — Над 50 слики и 140 цртежи, најголема збирка во светот
  • Караваџо — 2 слики
  • Полидоро да Караваџо — 9 слики
  • Агостино; Анибале и Лудовико Карачи — 5 слики, над 350 цртежи
  • Џовани Каријани — 2 слики
  • Лука Карлеварис — 4 слики
  • Чима де Конељано — 1 слика
  • Антонио да Кореџо — 2 слики
  • Џовани Бенедето Кастилјоне — 260 цртежи
  • Бернардино Личинио — 4 слики
  • Пјетро Лонги — 2 слики
  • Лоренцо Лото — 3 слики
  • Андреа Мантења — 9 слики
  • Лудовико Мацолино — 1 слика
  • Андрија Медулиќ (Андреа Мелдола) — 2 слики
  • Пармиџанино — 2 слики и 30 цртежи
  • Франческо Пезелино — 1 слика
  • Пјетро Перуџино — 1 слика
  • Понтормо — 1 слика
  • Гвидо Рени — 1 слика
  • Себастијано Ричи — 14 слики
  • Џироламо Романино — 1 слика
  • Џулио Романо — 6 слики
  • Џироламо Саволдо — 2 слики
  • Андреа Саки — 130 цртежи
  • Франческо Салвијати — 1 слика
  • Рафаело Санти — 8 слики и многу цртежи
  • Андреа дел Сарто — 2 слики
  • Бернардо Строци — 1 слика
  • Ѕаноби Строци — 1 слика
  • Бенвенуто Тизи — 1 слика
  • Тинторето — 5 слики
  • Тицијан — 4 слики
  • Алесандро Турки — 4 слики
  • Џентиле да Фабријано — 1 слика
  • Доменико Фети — 14 слики
  • Џироламо Форабоско — 1 слика
  • Фредерико Цукари — 1 слика
  • Артемизија Џентилески — 1 слика
  • Орацио Џентилески — 2 слики
  • Лука Џордано — 12 слики
  • Јакопо ди Чоне — 1 слика

Француски мебел

Со над 300 експонати, Кралската збирка е една од најголемите и најважните ризници на француски мебел во светот. Се одликува со енциклопедиски опсег на дела од најистакнатите мајстори на предреволуционерна Франција.

Јозеф Баумхауер — 1 експонат;

  • Долен креденец, ~ 1765-1770;

Пјер-Антоан Беланже — 13 експонати;

  • Два пара подножја, ~ 1820
  • Пар столбни масички, ~ 1823-4
  • Пар мали столбни масички, ~ 1823-4
  • Масичка, ~ 1820
  • Пар секретарски масички, ~ 1827-8
  • Пар креденци, ~ 1820

Андре-Шарл Бул — 13 експонати;

  • Шифоњер, ~ 1700
  • Шифоњер, ~ 1700
  • Креденец, ~ 1700
  • Креденец, ~ 1700
  • Креденец,
  • Пар ниски креденци
  • Маса за пишување, ~ 1680
  • Пар стоечки лампи, ~ 1700
  • Рамно биро, ~ 1710
  • Мали креденци со постолје, поч. на XVIII век

Адам Вајсвајлер — 13 експонати;

  • Креденец, со инкрустација крај на XVIII век
  • Креденец 1780
  • Масичка, ~ 1780
  • Масичка, ~ 1785
  • Пар столбни масички, шиноазери ~ 1787-90
  • Комода, ~ 1785
  • Конзолна маса x4, ~1785
  • Пар мали долни креденци, крај на XVIII век

Бенџамин Валјами и Бенџамин Луис Валјами — 4 експонати;

  • Стоечка лампа x4, 1814

Бенџамин Валјами — 3 експонати;

  • Свеќник x2, 1811
  • Часовник за камин, ~ 1780

Жерар-Жан Гал — 1 експонат;

  • Свеќник x2, поч. на XIX век

Пјер Гарније — 2 експонатa;

  • Пар креденци, ~ 1770

Жорж Жакоб — 30 експонати;

  • Мало канабе, ~ 1790
  • Канабе „лице в лице“, ~ 1790
  • Фотелјска столица, ~ 1790
  • Кревет во полски стил, ~ 1790
  • Мали фотелји и канабиња, ганритура од 20, ~ 1786
  • Armchairs x4, ~ 1786

Фрасоа-Оноре-Жорж Жакоб-Демалте — 1 експонат;

  • Цилиндрично биро, ~ 1825

Жил Жубер — 2 експоната;

  • Пар подножја, од Луј XV, ~ 1762

Мартен Карлен — 2 експонатa;

  • Креденец, ~ 1778
  • Креденец, со севрски плочи, ~ 1783

Пјер Ланглоа — 5 експонати;

  • Комода, ~ 1765
  • Два пара комоди, ~ 1763

Етјен Левасер — 7 експонати;

  • Масичка, ~ 1770
  • Два пара , ~ 1770
  • Две секретарски маси, ~ 1770

Мартен-Елој Лињере — 2 експонатa;

  • Пар креденци, (see pietra dura section), ~ 1803

Бернард Молитор — 3 експонати;

  • Комода, ~ 1780
  • Пар секретарски маси, ~ 1815

Бернар II ван Ризамбург — 2 експонатa;

  • Средишна маса, ~ 1775
  • Комода, ~ 1745

Жан-Анри Ризене — 6 експонати;

  • Комода, од Луј XVI ~ 1774;
  • Пар аголни креденци, од Луј XVI, ~ 1774;
  • Креденец за накит, ~ 1787
  • Маса за пишување, ~ 1785
  • Цилиндрично биро, ~ 1775

Севр — 1 експонат;

  • Средишна маса „на Големите Заповедници“ , ~ 1806-12

Пјер-Филип Томир — 15 експонати;

  • Подножје, ~ 1813
  • Подножје за коњичка статуа на Луј XIV, ~ 1826
  • Пар свеќници, 8 light, ~ 1828
  • Стоечки лампи x11, ~ 1814
  • Часовник, mounts attributed to., 1803
  • Свеќник x2, поч. на XIX век

Жакоб Фрере — 1 експонат;

  • Маса за пишување, ~ 1805

Европски мебел

Англиски

Роберт Хјум — 1 експонат;

  • Пар креденци, ~ 1820

Фламански

Непознат — 2 експонатa;

  • Креденец со постолје, ~ 1660
  • Креденец со постолје, XVII век

Германски

Јохан Даниел Зомер — 2 експонатa;

  • Пар креденци со постолје, крај на XVII век

Мелхиор Маумгартнер — 2 експонатa;

  • Часовник со оргула, 1664
  • Креденец, ~ 1660

Холандски

Непознат — 1 експонат;

  • Секретарски креденец, интарзија, ~ 1700

Часовници

Абраам-Луј Бреге — 1 експонат;

  • Регулаторен часовник, 1825

Андре Шарл Бул — 4 експонати;

  • Часовник за камин, ~ 1710
  • Часовник на постолје,
  • Часовник на постолје, крај на XVII век;
  • Часовник на постолје, ~ 1720

Бенџамин Валјами — 1 експонат;

  • Часовник во облик на бик, ~ 1755-60

Бенџамин Луис Валјами — 1 експонат;

  • Часовник со три порцелански фигури, ~ 1788

Делакроа — 1 експонат;

  • Голем часовник на подножје со бронзена плакета, ~ 1775

Жерар-Жан Гал — 1 експонат;

  • Часоник, поч. на XIX век

Жан-Пјер Лац — 2 експонатa;

Жан-Антоан Лепин — 1 експонат;

  • Часовник во облик на африканска Дијана (божицата на ловот), 1790
  • Астрономски часовник, ~ 1790

Мартин-Елој Лињере — 1 експонат;

  • Часовник, 1803

Пјер-Филип Томир — 1 експонат;

  • Часовник во облик на Аполоновата кочиjа, ~ 1805

Украсни предмети

Метју Боултон — 4 експонати;

  • Два пара вазни, ~ крај на XVIII век

Пјер-Филип Томир — 3 експонати;

  • Вазна, ~ поч. на XIX век
  • Свеќник x2, малахит и бронза, поч. на XIX век
  • Свеќник x2, малахит и бронза, ~ 1828
  • Свеќник x4, фигури од патинирана бронза, ~ 1810

Фаберже — најголема збирка на светот, со 3 царски и едно велигденско јајце Жерар-Жан Гал — 2 експоната;

  • Свеќник x2, ~ поч. на XIX век

Франсоа Ремон — 12 експонати;

  • Свеќник x8, 4 pairs, ~ 1787
  • Свеќник x4,

Порцелан

  • Севрски порцелан — најголема збирка во светот
  • Челзиски порцелан, 1763 (последните парчиња)

Скулптури

Луј-Клод Васе — 1 експонат;

  • Коњичка статуа на Луј XV, ~ 1764

Франсоа Жирардон — 1 експонат;

  • Бронзена коњичка статуа на Луј XIV, според Жирардон, ~ 1700

Антонио Канова — 3 експонати;

  • Марс и Венера, ~ 1815-17
  • Фонтанска нимфа, 1819
  • Дирка, 1824

Антика — 1 експонат;

Таписерии и теписи

Гоблен — 36 експонати;

  • Таписерија, четири (од 28) од „Историјата на Дон Кихот“, подарок од Луј XVI за Ричард Козвеј, потоа му ги подарил на Џорџ IV, ~ 1788
  • Таписерија, четири од серијата „Божјата врата“, ~ XVIII век
  • Таписерија, четири од серијата „Божјите љубови“, ~ крај на XVIII век
  • Таписерија, осум од серијата „Јасон и златното руно“, 1776-9
  • Таписерија, сеум од серијата „Историјата на Естра“, 1783
  • Таписерија, три од серијата „Приказната за Дафина и Хлоја“, 1754
  • Таписерија, две од серијата „Приказната за Мелеагар и Аталанта“, 1844

Друг мебел

Инкрустрација (пјетра дура) — 11 експонати;

  • Креденец, Аугсбург
  • Креденец, италијански, ~ 1680
  • Креденец, Адам Вајсвајлер
  • Масичка, Адам Вајсвајлер
  • Креденц, Мартен Карлен
  • Ковчеже, фирентинско ~ 1720
  • Пар креденци, Мартен Елј Лињере, ~ 1803
  • Пар креденци, Пјер-Антоан Беланже, ~ 1820
  • Пар креденци, Роберт Хјум, ~ 1820
  • Четири креденци со пјетра дура од XVIII век, пренаменети, ~ 1820-ти

Разни

  • Креденец на постолје сред. на XVII век
  • Биро, 1690-95
  • Мазаренско биро x2, крај на XVII век
  • Мазаренско биро x2, ~ 1700
  • Мазаренско биро, крај на XVII век
  • Два пара ниски креденци
Remove ads

Гакерии

Слики

Англиски слики
Англоамерикански
Германски слики
Италијански слики
Фламански слики
Француски слики
Холандски слики
Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads