Кушитски јазици
јазично семејство во Источна Африка From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Кушитските јазици сочинуваат подгрупа на јазичното семејство афроазиски јазици. Овие јазици претежно се зборуваат во Африканскиот Рог (Етиопија, Еритреја, Џибути и Сомалија), долината на реката Нил (Судан и Египет), и делови од регионот наречен „Големи африкански езера“ (Кенија и Танзанија). Кушитските јазици се мајчини јазици на кушитските народи. За прв пат овој поим се вовел во 1858 година.[1] Главни кушитски јазици се оромскиот, сомалискиот, беџанскиот, агавскиот, афарскиот, сахоанскиот и сидамскиот јазик.[2]
Remove ads
Статус
Најмногуброен кушитски јазик е оромскиот (со над 25 милиони),[3] сомалискиот (16.2 милиони),[4] беџанскиот (3.2 милиони),[5] сидамскиот (3 милиони),[6] и афарскиот (2 милиони).[7] Оромскиот е службен јазик на регионот Оромија во Етиопија.[8] Сомалискиот јазик е службен јазик на државно ниво во Сомалија, и воедно единствен кушитски јазик кој има службен статус на државно ниво.[9] Афарскиот се користи на локално ниво во Афарскиот регион во Етиопија.[8]
Remove ads
Класификација
Грубата поделба на кушитските јазици најчесто се врши на следниот начин:[10]
- севернокушитски (беџански јазик)
- централнокушитски (агавски јазици)
- источнокушитски
- низински источнокушитски јазици
- горски источнокушитски јазици
- јакуанско-дулајски
- дахалски јазик
- јужнокушитски јазици
Кога се класифицираат овие јазици се земаат предвид и јазиците: јакуански јазик, дахалски јазик, асански јазик, кваѕански јазик, бонски јазик и кушитските елементи на мбугуанскиот јазик. Сепак постојат голем број теории за нивните поврзаности.[11]
Remove ads
Наводи
Литература
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads