Општина Драгоманце

поранешна општина во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Месен народен одбор Драгоманце ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1945-1952 година.

Кратки факти
Remove ads

Историја

Месниот народен одбор Драгоманце бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Козјачката Околија, Скопски Округ, и негови составни населени места биле Врачевце, Добрача, Драгоманце и Стрновац.[1] Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Драгоманце бил проширен на сметка на соседниот и укинат Месен народен одбор Пузајка со неговото село Пузајка. МНО Драгоманце тогаш припаѓал во Кумановската Околија.[2] Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Драгоманце не претрпел територијални промени.[3] Согласно административната поделба од 1952 година, МНО Драгоманце бил укинат на сметка на проширената Општина Жегљане која ги добила селата Врачевце, Драгоманце и Пузајка, проширената Општина Бајловце го добила селото Добрача, додека проширената Општина Старо Нагоричане го добила селото Стрновац.[4]

Remove ads

Население

Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Драгоманце имал 953 жители, односно вкупното население на Врачевце, Добрача, Драгоманце, Пузајка и Стрновац. Од таа бројка, 950 биле Македонци, додека 3 биле Срби.[5]

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads