Општина Бајловце
поранешна општина во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Општина Бајловце, именувана и како Месен народен одбор Бајловце ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1913-1941 и 1945-1955 година. Центар на општината било селото Бајловце.
- Оваа статија се однесува на Општина Бајловце. За истоименото село, видете Бајловце.
Remove ads
Историја
1913-1915
Општина Бајловце за прв пат била основана во 1913 година, за време на Кралството Србија. Населени места во општината биле Аљинце, Бајловце, Брешко, Добрача, Жељувино, Канарево, Осиче и Цвиланце. Општината била дел од Жеглиговскиот Срез, Кумановски Округ.[1]
1915-1918
Општина Бајловце продолжила да постои за време на Царството Бугарија, односно окупацијата во Првата светска војна. Општината територијално останала иста и била дел од Кумановската Околија, Кумановски Округ.[2]
Кралство СХС/Југославија
За време на новата држава Кралство СХС (подоцна под името Кралство Југославија), Општина Бајловце продолжила да постои во рамки на Жеглиговскиот Срез, и почнувајќи од 1929 година, во Вардарската Бановина. Таа се состоела од населените места: Аљинце, Бајловце, Брешко, Добрача, Жељувино, Канарево, Осиче и Цвиланце.[3][4][5]
1945-1952
Месниот народен одбор Бајловце бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Козјачката Околија, Скопски Округ, и негови составни населени места биле Бајловце и Цвиланце.[6] Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Бајловце бил проширен на сметка на соседниот и укинат Месен народен одбор Аљинце со неговите села Аљинце, Брешко и Жељувино. Истовремено, МНО Бајловце припаднал под проширената Кумановска Околија.[7] Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Бајловце останал територијално непроменет.[8]
1952-1955
Согласно административната поделба од 1952 година, Месен народен одбор Бајловце бил преименуван во Општина Бајловце, а територијално општината се проширила на сметка на укинатиот Месен народен одбор Драгоманце со неговото село Добрача.[9] Согласно административната поделба од 1955 година, Општина Бајловце била укината и нејзината општинска територија припаднала на Општина Старо Нагоричане.[10]
Remove ads
Население
Според пописот од 1913 година, во Општина Бајловце живееле 2.464 жители. Според пописот од 1921 година, во општината имало 2.202 жители. Според верската припадност, сите биле православни, а според јазичната припадност, сите биле Срби/Хрвати.[11][б 1] Според пописот од 1931 година, во општината имало 2.388 жители, од кои 1.197 биле мажи, а 1.191 биле жени. Општината се состоела од 364 куќи и 362 домаќинства.[12]
Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Бајловце имал 1.637 жители. Од таа бројка, 1.630 биле Македонци, 6 биле Срби, додека 1 бил Ром.[13] Според пописот од 1953 година, последниот кога постоела општина, во општината живееле 1.942 жители. Од таа бројка, 1.906 биле Македонци, додека 36 биле Срби.[14][15]
Remove ads
Поврзано
Забелешки
- Македонскиот јазик и македонскиот народ биле третирани за српски, согласно според српскиот/кралскојугословенскиот државен апарат.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads