Петар Васков

македонски револуционер From Wikipedia, the free encyclopedia

Петар Васков
Remove ads

Петар Васков — македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација.

Кратки факти Роден, Починал ...

Животопис

Роден е во Велес. Брат е на Панче Васков. Член на тајниот училиштен револуционерен кружок во Солунската машка гимназија (1894-95). Во 1896 година завршува физика и математика во висока школа во Софија. Учителствува во Лом, Видин и Силистра, а од 1898 до 1900 година во Одринската егзархиска машка гимназија. Во Едрене станува член на окружниот револуционерен комитет на ВМОРО. Бил отпуштен од гимназијата поради револуционерна дејност, станува учител во Сливен. Во 1902 година се вработил во Школата за резервни офицери во Софија.

За време на Илинденското востание во 1903 година е војвода во Демирхисарско и е ранет за време на борба. Во февруари - април 1904 година, заедно со Марко Секулички и Христо Настев, го раководел Ќустендилскиот пограничен пункт на ВМОРО. Одржувал контакти со задграничните претставници Христо Матов, д-р Христо Татарчев. Го помагал преминувањето на четите на Апостол, Лука Иванов, Христо Чернопеев и други. Од 1904 до 1907 година повторно е учител во Одринската гимназија и во овој период бил претседател на Одринскиот окружен револуционерен комитет. Загинува заедно со Лазар Маџаров, Ѓорѓи Гешанов, Чанко Карабраканов и Јанаки Милков во борба со Турците во кај тракиското село Лаџаќој,[2] Дедеагачко (денес Грција) [3][4].

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads