Препречна согласка

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Препречна согласка (опструент) е согласка што се создава со попречување (опструкција)[1] на воздушниот тек, при што предизвикува зголемување на притисокот во говорниот апарат (на пр. како кај согласките [k], [d͡ʒ] и [f]). Во фонетиката, творбата на гласовите се дели на две големи класи: препречни и гласници (сонанти).

Кратки факти Начини на творба ...

Препречните гласови се творби што подразбираат затворње во говорниот апарат, запирајќи или сметајќи му на воздушниот тек. Можат да се поделат на избувни (плозиви): п, т, к, б, д, г, со целосно затворање на гласовниот апарат, проследено од нагол испуст; струјни (фрикативи), со делумно затворање, каде текот не целосно сопрен, туку се соочува со пречка што предизвикува струење; и слеани (африкати), кои почнуваат со целосна преграда, но испустот им е налик на струјните. Прототипно, препречните согласки се безвучни, но често се среќаваат и звучни. По ова се разликуваат од гласниците, кои многу поретко се безвучни.

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads