Спомен-костурница (Горни Манастирец)

спомен-костурница From Wikipedia, the free encyclopedia

Спомен-костурница (Горни Манастирец)map
Remove ads

41°37′33″N 21°11′33″E

Thumb
Спомен-костурницата

Спомен-костурница во Горни Манастирецспомен-костурница во поречкотото село Горни Манастирец. Објектот е сместен на патот кон Поречкиот манастир.

Спомен-костурницата е подигната во чест на закланите жители од околните села, масакр извршен од страна на бугарската војска на Бадник, 6 јануари 1912 година.

Remove ads

Историја

Thumb
Спомен-костурницата меѓу дрвјата на пат кон Поречкиот манастир

По повлекувањето на Србите, за време на Првата светска војна, Бугарија ја окупирала Вардарска Македонија во која почнале да организираат казнена експедиција под водство на потполковникот Констатин Панов. Се воделе т.н. црни списоци на видни луѓе, сите свештеници, учители, претседатели на општините, началници на комитети, војводи и четници. Биле уапсени 205 лица од овој список. Едни биле однесени во Околиското началство, други во Прилеп, а половината завршиле на Дервишка Нива.

Во списите на манастирот „Света Богородица“ крај Манастирец се чува списокот на убиените. Сите жртви се од Поречието, најмногу - 22 се од с. Здуње, 11 од Лупште, 9 од Томино Село, по 8 од Долни Манастирец и Зркле. Поречани подоцна им подигнале костурница во близина на манастирот.[1]

Remove ads

Поврзано

  • Спомен-костурници во Македонија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads