Црква „Св. Ѓорѓи“ - Велушина

црква во селото Велушина, Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Ѓорѓи“ - Велушинаmap
Remove ads

Свети Ѓорѓи — главна манастирска црква на Велушкиот манастир во битолското село Велушина, Македонија.[1]

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Remove ads

Местоположба

Манастирската црква е подигната на возвишение над селото, до која води тесен асфалтен пат.

Историја

Манастирската црква била изградена во 1839, а живописана во 1848 година.[2]

Црквата, како и самиот манастир, настрадала за време на борбите во Првата светска војна.[3]

Архитектура

Thumb
Бифори на камбанаријата на црквата

Храмот Св. Ѓорѓи претставува релативно мала трикорабна градба поставена кон средината на манастирскиот двор. Од југоисточниот агол, црквата е надвишена со камбанаријата изведена од делкан камен. Во светилиштето се влегува низ тремовите од јужната и западната страна.

Фрескоживопис

Над јужниот влез, во внатрешноста на храмот, постои опширен натпис во кој се внесени важни податоци поврзани со сликањето на црквата. Во натписот се испишани сите оние кои помогнале да се наслика овој свет храм. Испишана е и годината 1848 како време на изработката на живописот. Живописот бил дело на Јован Зограф, кој самиот за себе кажува дека по потекло бил од селото Хјонатон или Хјонадес, но дека оттаму се преселил во Трново.[2]

Во насликаната програма Јован Зограф во долниот појас, вообичаено ја поставил галеријата на стоечки светители во цел раст. Во горните партии се сцените со претставите на Христовиот живот и страдања. Заслужува внимание илустрирањето на сцени од детството и успението на Св. Богородица како и од поетската композиција позната како Акатистот на Богородица. На темето од полукружниот свод се поставени во медалјони допојасните претстави на Св. Јован Крстител, малиот Исус обележан како Емануил како и Христос Пантократор или Седржител. Над иконостасот се претставени Светото Тројство и тоа Господ Саваот, Исус Христос и Светиот Дух.[2]

Стилот на Јован Зограф е импресивен, на многу места успешно ги соединува традиционалната поствизантиска иконографија и новите решенија инспирирани од западната уметност кои продираат на нашиве простори веќе од втората половина на XVIII век. Неговите композиции како што се на пример сцените од Христовиот живот или од Акатистот на Св. Богородица исполнети со многу учесници, изнесени во еден раскажувачки стил, со многу детали.[2]

Иконостас

Иконостасот во црквата, кој го одвојува олтарниот простор од централниот дел, исполнет е со икони работени од повеќемина зографи.

Според стилските одлики, изгледа дека претставата на Архангел Михаил врз вратата на северниот дел од иконостасот е дело на Јован Зограф, авторот на ѕидното сликарство. Од првата половина на XIX век е датирана и големата икона на Св. Ѓорѓи, патронот на храмот. Другите престолни икони како и иконостасниот крст, стилски се блиски со творештвото на браќата Константин и Димитар Анастасови од Магарево. Од нив најверојатно се и насликаните медалјони со претставата на Благовештението врз царските двери украсени со резба. Иконите од горниот ред на иконостасот, вкупно 15, со сцени од животот на Христос, се одликуваат со една поинаква ликовна и колоритна звучност во однос на другите дела. Според Ристо Палигора, впечатокот е дека корените на овој ликовен пристап со тенденција кон идеализирање и сцени поставени во перспектива низ класицистички архитектонски форми, се инспирирани од примери на постарите западни мајстори од другата страна на Јадранот, чија уметничка филозофија била блиска на ренесансната уметност.[4]

Внатрешноста на црквата
Remove ads

Галерија

Надворешноста на црквата

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads