Црква „Св. Никола“ - Старчишта
црква во Старчишта, Драмско From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Никола (грчки: Αγίου Νικολάου Περιθωρίου) — црква во селото Старчишта, Драмско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Зихненско-неврокопската епархија на Цариградската патријаршија.[1]
Црквата е изградена во 1835 г. и се наоѓа во западниот крај на селото. Претставува трикорабна базилика со дрвен покрив, типична за XIX век.[2] Украсена е со крстови од тули. На северниот ѕид има керамички натпис „7 март 1835“.[1] Во 1911 г. доградена е впечатлива шестаголна камбанарија од делкан камен. Годината 1911 е напишана во куполата.[1][3] Внатре има зачувани резбани елементи од 1847 г., како и икони од 1859 и 1864 г.[1] На крајот од XIX до почетокот на XX век „Св. Никола“ била под врховенството на Бугарската егзархија, а „Живоносен Извор“ била под Патријаршијата.
Необично е тоа што внатрешноста е насликана со епизоди од историјата на Бугарија: Покрстувањето на Борис I, Проповед на светите браќа Кирил и Методиј, Борис I води битка со непокорните болјари, Борис I го става на престолот Симеон и го ослепува Владимир.[4] Веројатно овие сцени се дело на зографското семејство Минови, чии претставници во 1883-1884 г. насликале слични фрески во црквата „Св. Димитриј“ во блиското село Тешово, Пиринско.
На почетокот на XX век црквата и селото село биле под врховенството на Бугарската егзархија.
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads