From Wikipedia, the free encyclopedia
Артур Шницлер (германски: Arthur Schnitzler; 15 мај 1862 – 21 октомври 1931 ) — австриски писател (романописец, раскажувач и драматург) и критичар.
Шницлер е роден во Виена каде што ги завршил студиите по медицина на Виенскиот Универзитет во 1879 година. Докторирал во 1885 година и работел во Виенската општа болница. Поради склоноста кон литературата ја напуштил медицината и се посветил на пишувањето драми, романи, кратки раскази и критики.
Покрај пишувањето книжевни дела, Шницлер водел дневник од неговата седумнаесетта година, па сè до два дена пред неговата смрт во Виена. Овој дневник, чија големина е скоро 8 000 страници, е многу значаен и интересен затоа што во него Шницлер ги опишувал своите сексуални авантури. Тој често бил во врска со повеќе жени истовремено, и за некои периоди од својот живот го запишувал и секој оргазам.
Денес, делата на Шницлер често се оценети како контроверзни, бидејќи во нив отворено се говори за сексуалноста и антисемитизмот, притоа се употребува илузијата и психологијата, допирајќи на тој начин до есенцијалните облици на човековата природа. Затоа Шницлер често се смета како креативен еквивалент на Сигмунд Фројд. Поради големата провокативност и акцентирање на сексуалноста и психоанализата, книгите и драмите на Шницлер во триесеттите години на XX век биле забранети од нацистичката партија во Германија и Австрија, и покрај дозата на антисемитизам во делата.[1]
Во едно писмо од 14 мај 1922 година, Фројд му напишал на Шницлер: "Имам впечаток дека Вие, благодарение на интуицијата или, подобро речено, благодарение на внимателното самонабљудување, за другите луѓе го знаете сето она што јас го открив со долготрајни проучувања. Верувам дека во основата Вие сте еден истражувач на психолошките длабочини."
Режисерот Кјубрик изјавил за Шницлер дека..."Тешко е да се најде некој писател кој повистинито ја разбрал човечката душа и кој подлабоко продрел во начинот на којшто луѓето мислат, дејствуваат и постојат..."[2]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.