From Wikipedia, the free encyclopedia
Африкански куп на нации 2023 (познато и како АФКОН 2023, односно КАН 2023) било 34-тото по ред фудбалско континентално првенство на Африка, познато како Африкански куп на нации. Натпреварувањето е оргенизирано од КАФ, а се одржало во Брегот на Слоновата Коска. Ова било вторпат оваа земја да биде домаќин, првпат по изданието во 1984 година.
Африкански куп на нации 2023 | |
---|---|
Податоци | |
Домаќин | Брег на Слоновата Коска |
Траење | 13 јануари - 11 февруари |
Tимови | 24 (од една конфедерација) |
Стадион(и) | 6 (во 5 градови) |
Шампиони | |
2. место | |
3. место | Јужна Африка |
4. место | ДР Конго |
Вкупно натпревари | |
Вкупно голови | |
Публика | |
Најдобар стрелец(и) | |
Најдобар играч | |
Најдобар голман | |
2025 → ← 2021 | |
Инфокутијата е последен пат ажурирана на 5 јануари 2024. |
Ова издание на турнирот првично било планирано да биде трето почнувајќи од изданието во 2019 што ќе се одржи во текот на летото на северната полутопка, со цел да се намалат конфликтите со европските клубови во поглед на поклопувањето на распоредот на натпреварите.[1][2][3][4] Сепак на 3 јули 2022 година, КАФ го одложиле првенството за периодот од 13 јануари до 11 февруари 2024 година, поради неповолните летни временски услови во Брегот на Слоновата Коска, додека во исто време турнирот го задржач оригиналното име на изданието од спонзорски причини.[5][6] Ова се уследило откако изданието 2021 во Камерун, исто така, било преместено во зимската сезона на северната полутопка од слични причини.
Бранител на титулата била репрезентацијата на Сенегал, која во 2021 за прв пат станала шампион.
Кандидатури:
Одбиени кандидатури:
КАФ првично ги објавил домаќините за изданијата 2019, 2021 и 2023 година на Африканскиот куп на нации по последното гласање на состанокот на извршниот комитет на 20 септември 2014 година, доделувајќи му го изданието за 2019 година на Камерун, изданието за 2021 година на Брегот на Слоновата Коска и изданието за 2023 година на Гвинеја.[7] Прогласувањето на домаќините во 2023 година било незакажано. Гвинеја била еден од понудувачите за изданијата 2019 и 2021 година, чии земји домаќини требало да бидат објавени на тој ден. Портпаролот на КАФ изјавил за BBC News дека, врз основа на презентацијата на Гвинеја „и посветеноста“, комитетот „одлучил да ја искористи својата моќ за да донесе итна одлука“.[7]
На 30 ноември 2018 година, КАФ му го одзел на Камерун правото да биде домаќин на изданието 2019 поради недостаток на брзина и напредок во подготовките за домаќинство,[8][9][10] но го прифатиле барањето на поранешниот претседател на КАФ Ахмад Ахмад, Камерун да го организира следното издание во 2021. Како последица на тоа, оригиналниот домаќин од 2021 година, Брегот на Слоновата Коска, би бил домаќин на изданието во 2023 година, а оригиналниот домаќин од 2023 година, Гвинеја била планирана да биде домаќин на изданието во 2025 година, кое тогаш сè уште немало избран домаќин.[11]
На 30 јануари 2019 година, претседателот на КАФ ја потврдил промената во распоредот, по состанокот со претседателот на Брегот на Слоновата Коска Аласан Уатара во Абиџан.[12]
Маскотата на натпреварувањето е "Акваба" (изворно "Akwaba"), што во превод значи "Добредојде" на јазикот Бауле. Акваба е слонче, животното симбол на Брегот на Слоновата Коска, облечено во бои слични на опремата на репрезентацијата домаќин.[19]
На 12 октомври 2023 година, КАФ и Пума ја откриле „Поку“ (изворно "Pokou") официјалната топка со која ќе се играат натпреварите на ова издание на турнирот пред извлекувањето на ждрепката за финалниот турнир. Името било избрано во чест на починатиот легендарен напаѓач од Брегот на Слоновата Коска Лорен Покоу, локално познат по тоа што постигнал 5 гола во победата од 6–1 над Етиопија на турнирот во 1970 што е рекорд до ден денес.[20]
На 12 октомври 2023, КАФ ја открил и официјалната песна на натпреварувањето исто така за време на официјалното извлекување на ждрепката. Во песната учествувале наградуваниот нигериски изведувач Јеми Аладе, египетскиот рапер Мохамед Рамадан и музичкиот бенд од Брегот на Слоновата Коска Magic System. Насловена како „Akwaba“, што значи „Добредојдовте“ на мајчиниот јазик (Бауле), химната е возбудлив спој на афробит, рап и зуглу во уникатен музички микс кој останува длабоко вкоренет со традицијата на претходните химни на натпреварувањето.[21][22]
Репрезентација | Квалификувана како | Датум на квалификување | Број на учества | Последно учество | Најдобар резултат | Пласман на ранг-листата на ФИФА пред почетокот на првенството |
---|---|---|---|---|---|---|
Брег на Слоновата Коска | Домаќин / Второпласиран во групата Х | 30 јануари 2019 | 25 | 2021 | Шампион (1992, 2015) | 49. место |
Мароко | Победник на групата К | 24 март 2023 | 19 | 2021 | Шампион (1976) | 13. место |
Алжир | Победник на групата Ф | 27 март 2023 | 20 | 2021 | Шампион (1990, 2021) | 30. место |
Јужна Африка | Второпласиран во групата К | 28 март 2023 | 11 | 2019 | Шампион (1996) | 66. место |
Сенегал | Победник на групата Л | 28 март 2023 | 17 | 2021 | Шампион (2021) | 20. место |
Буркина Фасо | Победник на групата Б | 28 март 2023 | 12 | 2021 | Финалист (2013) | 58. место |
Тунис | Победник на групата Ј | 28 март 2023 | 21 | 2021 | Шампион (2004) | 28. место |
Египет | Победник на групата Д | 14 јуни 2023 | 26 | 2021 | Шампион (1957, 1959, 1986, 1998, 2006, 2008, 2010) | 33. место |
Замбија | Победник на групата Х | 17 јуни 2023 | 18 | 2015 | Шампион (2012) | 84. место |
Екваторска Гвинеја | Второпласиран во групата Ј | 17 јуни 2023 | 4 | 2021 | Четврто место (2015) | 88. место |
Нигерија | Победник на групата А | 18 јуни 2023 | 20 | 2021 | Шампион (1980, 1994, 2013) | 42. место |
Гвинеја-Бисао | Второпласиран во групата А | 18 јуни 2023 | 4 | 2021 | Групна фаза (2017, 2019, 2021) | 103. место |
Зелен ’Рт | Второпласиран во групата Б | 18 јуни 2023 | 4 | 2021 | Четвртфинале (2013) | 73. место |
Мали | Победник на групата Г | 18 јуни 2023 | 13 | 2021 | Финалист (1972) | 51. место |
Гвинеја | Второпласиран во групата Д | 20 јуни 2023 | 14 | 2021 | Финалист (1976) | 80. место |
Гана | Победник на групата Е | 7 септември 2023 | 24 | 2021 | Шампион (1963, 1965, 1978, 1982) | 61. место |
Ангола | Второпласиран во групата E | 7 септември 2023 | 9 | 2019 | Четвртфинале (2008, 2010) | 117. место |
Танзанија | Второпласиран во групата Ф | 7 септември 2023 | 3 | 2019 | Групна фаза (1980, 2019) | 121. место |
Мозамбик | Второпласиран во групата Л | 9 септември 2023 | 5 | 2010 | Групна фаза (1986, 1996, 1998, 2010) | 111. место |
ДР Конго | Победник на групата И | 9 септември 2023 | 20 | 2019 | Шампион (1968, 1974) | 67. место |
Мавританија | Второпласиран во групата И | 9 септември 2023 | 3 | 2021 | Групна фаза (2019, 2021) | 105. место |
Гамбија | Второпласиран во групата Г | 10 септември 2023 | 2 | 2021 | Четвртфинале (2021) | 126. место |
Камерун | Победник на групата Ц | 12 септември 2023 | 21 | 2021 | Шампион (1984, 1988, 2000, 2002, 2017) | 46. место |
Намибија | Второпласиран во групата Ц | 12 септември 2023 | 4 | 2019 | Групна фаза (1998, 2008, 2019) | 115. место |
Од секоја група понатаму одат првопласираната и второпласираната репрезентација, како и четирите најдобри третопласирани репрезентации.
Позициите на табелата се одредуваат според бројот на освоените бодови (победа вреди три, реми еден и пораз нула бодови). Доколку две екипе имају ист број на бодова на крајот на групната фаза, позициите ќе се одредуваат според следните критериуми (по наведениот редослед) за да се утврди конечниот пласман (член 74 од Правилникот):[24]
Сите времиња се локални, WAT (UTC+1).
Африкански куп на нации 2023 - група A | |||||||||
Поз. | Екипа | ОН | П | Н | И | ДГ | ПГ | ГР | Бод |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1. | Екваторска Гвинеја | 3 | 2 | 1 | 0 | 9 | 3 | +6 | 7 |
2. | Нигерија | 3 | 2 | 1 | 0 | 3 | 1 | +2 | 7 |
3. | Брег на Слоновата Коска | 3 | 1 | 0 | 2 | 2 | 5 | -3 | 3 |
4. | Гвинеја-Бисао | 3 | 0 | 0 | 3 | 2 | 7 | -5 | 0 |
13 јануари 2024 | Брег на Слоновата Коска | 2–0 | Гвинеја-Бисао | Абиџан |
---|---|---|---|---|
20:00 |
|
Извештај | Стадион: Аласан Уатара Гледачи: 36,858[25] Судија: Амин Омар |
18 јануари 2024 | Брег на Слоновата Коска | 0–1 | Нигерија | Абиџан |
---|---|---|---|---|
17:00 |
Извештај |
|
Стадион: Аласан Уатара Гледачи: 49,517[28] Судија: Мустафа Горбал |
22 јануари 2024 | Екваторска Гвинеја | 4–0 | Брег на Слоновата Коска | Абиџан |
---|---|---|---|---|
17:00 |
|
Извештај | Стадион: Аласан Уатара Гледачи: 42,550 Судија: Махмуд Махмуд |
Африкански куп на нации 2023 - група Ц | |||||||||
Поз. | Екипа | ОН | П | Н | И | ДГ | ПГ | ГР | Бод |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1. | Сенегал | 3 | 3 | 0 | 0 | 8 | 1 | +7 | 9 |
2. | Камерун | 3 | 1 | 1 | 1 | 5 | 6 | -1 | 4 |
3. | Гвинеја | 3 | 1 | 1 | 1 | 2 | 3 | -1 | 4 |
4. | Гамбија | 3 | 0 | 0 | 3 | 2 | 7 | -5 | 0 |
23 јануари 2024 | Гамбија | 2–3 | Камерун | Буаке |
---|---|---|---|---|
17:00 |
|
Извештај |
|
Стадион: Стад де ла Пе Гледачи: 24,172[36] Судија: Бамлак Тесема Вејеса |
Африкански куп на нации 2023 - група Д | |||||||||
Поз. | Екипа | ОН | П | Н | И | ДГ | ПГ | ГР | Бод |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1. | Ангола | 3 | 2 | 1 | 0 | 6 | 3 | +3 | 7 |
2. | Буркина Фасо | 3 | 1 | 1 | 1 | 3 | 4 | -1 | 4 |
3. | Мавританија | 3 | 1 | 0 | 2 | 3 | 4 | -1 | 3 |
4. | Алжир | 3 | 0 | 2 | 1 | 3 | 4 | -1 | 2 |
16 јануари 2024 | Буркина Фасо | 1–0 | Мавританија | Буаке |
---|---|---|---|---|
14:00 |
Траоре 90+6' (пен..) | Извештај | Стадион: Стад де ла Пе Гледачи: 27,898[38] Судија: Џалал Жијед |
23 јануари 2024 | Ангола | 2–0 | Буркина Фасо | Јамусукро |
---|---|---|---|---|
20:00 |
|
Стадион: Шарл Конан Бани Гледачи: 15,753[41] Судија: Жан-Жак Ндала Нгамбо |
Африкански куп на нации 2023 - група Е | |||||||||
Поз. | Екипа | ОН | П | Н | И | ДГ | ПГ | ГР | Бод |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1. | Мали | 3 | 1 | 2 | 0 | 3 | 1 | +2 | 5 |
2. | Јужна Африка | 3 | 1 | 1 | 1 | 4 | 2 | +2 | 4 |
3. | Намибија | 3 | 1 | 1 | 1 | 1 | 4 | -3 | 4 |
4. | Тунис | 3 | 0 | 2 | 1 | 1 | 2 | -1 | 2 |
16 јануари 2024 | Тунис | 0–1 | Намибија | Корого |
---|---|---|---|---|
17:00 |
|
Стадион: Амаду Гон Кулибали Гледачи: 13,991[43] Судија: Омар Абдулкадир Артан |
Африкански куп на нации 2023 - Поредок на третопласираните екипи | |||||||||
Поз. | Екипа | ОН | П | Н | И | ДГ | ПГ | ГР | Бод |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1. | Гвинеја | 3 | 1 | 1 | 1 | 2 | 3 | -1 | 4 |
2. | Намибија | 3 | 1 | 1 | 1 | 1 | 4 | -3 | 4 |
3. | Мавританија | 3 | 1 | 0 | 2 | 3 | 4 | -1 | 3 |
4. | Брег на Слоновата Коска | 3 | 1 | 0 | 2 | 2 | 5 | -3 | 3 |
5. | Гана | 3 | 0 | 2 | 1 | 5 | 6 | -1 | 2 |
6. | Замбија | 3 | 0 | 2 | 1 | 2 | 3 | -1 | 2 |
Осминафинале | Четвртфинале | Полуфинале | Финале | |||||||||||
27 јануари – Абиџан (Уфуе-Буани) | ||||||||||||||
Нигерија | 2 | |||||||||||||
2 февруари – Абиџан (Уфуе-Буани) | ||||||||||||||
Камерун | 0 | |||||||||||||
Нигерија | 1 | |||||||||||||
27 јануари – Буаке | ||||||||||||||
Ангола | 0 | |||||||||||||
Ангола | 3 | |||||||||||||
7 февруари – Буаке | ||||||||||||||
Намибија | 0 | |||||||||||||
Нигерија (п) | 1 (4) | |||||||||||||
29 јануари – Абиџан (Уфуе-Буани) | ||||||||||||||
Јужна Африка | 1 (2) | |||||||||||||
Зелен ’Рт | 1 | |||||||||||||
3 февруари – Јамусукро | ||||||||||||||
Мавританија | 0 | |||||||||||||
Зелен ’Рт | 0 (1) | |||||||||||||
30 јануари – Сан Педро | ||||||||||||||
Јужна Африка (п) | 0 (2) | |||||||||||||
Мароко | 0 | |||||||||||||
11 февруари – Абиџан (Уатара) | ||||||||||||||
Јужна Африка | 2 | |||||||||||||
Нигерија | ||||||||||||||
30 јануари – Корого | ||||||||||||||
Брег на Слоновата Коска | ||||||||||||||
Мали | 2 | |||||||||||||
3 февруари – Буаке | ||||||||||||||
Буркина Фасо | 1 | |||||||||||||
Мали | 1 | |||||||||||||
29 јануари – Јамусукро | ||||||||||||||
Брег на Слоновата Коска (прод.) | 2 | |||||||||||||
Сенегал | 1 (4) | |||||||||||||
7 февруари – Абиџан (Уатара) | ||||||||||||||
Брег на Слоновата Коска (п) | 1 (5) | |||||||||||||
Брег на Слоновата Коска | 1 | |||||||||||||
28 јануари – Сан Педро | ||||||||||||||
ДР Конго | 0 | Натпревар за 3. место | ||||||||||||
Египет | 1 (7) | |||||||||||||
2 февруари – Абиџан (Уатара) | 10 февруари – Абиџан (Уфуе-Буани) | |||||||||||||
ДР Конго (п) | 1 (8) | |||||||||||||
ДР Конго | 3 | Јужна Африка (п) | 0 (6) | |||||||||||
28 јануари – Абиџан (Уатара) | ||||||||||||||
Гвинеја | 1 | ДР Конго | 0 (5) | |||||||||||
Екваторска Гвинеја | 0 | |||||||||||||
Гвинеја | 1 | |||||||||||||
28 јануари 2024 | Египет | 1–1 (прод.) (7–8 пен.) |
ДР Конго | Сан-Педро |
---|---|---|---|---|
20:00 |
|
Извештај |
|
Стадион: Лоран Поку Гледачи: 12,342[58] Судија: Том Абонџиле |
Пенали | ||||
|
|
3 февруари 2024 | Мали | 1–2 (прод.) | Брег на Слоновата Коска | Буаке |
---|---|---|---|---|
17:00 |
|
Извештај |
|
Стадион: Стад де ла Пе Гледачи: 39,836[65] Судија: Мохамед Адел |
7 февруари 2024 | Брег на Слоновата Коска | 1–0 | ДР Конго | Абиџан |
---|---|---|---|---|
20:00 |
|
Извештај | Стадион: Феликс Уфуе-Буани Гледачи: 51,020[68] Судија: Ибрахим Мутаз |
На првенството беа постигнати 46 голови на 18 натпревари, просечно 2.56 голови по натпревар (as of 19 јануари 2024).
|
|
|
|
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.