мерка за течност From Wikipedia, the free encyclopedia
Галон (крат. gal) е мерка за зафатнина што денес се користи претежно во САД и Британија и разни делови од западна Европа. Во минатото неговата вредност се разликувала во зависност од суровината што се мери и географското подрачје, но денес во повеќето земји е заменет со литарот. Во употреба се три варијанти на галонот: империјален (≈ 4,546 л), кој денес е неофицијална мерка во Британија и полуофицијална во Канада, американскиот течен галон (≈ 3,79 л) и поретко употребуваниот американски сув галон (≈ 4,40 л).[1] Наоѓа примена и во други земји од англиското говорно подрачје.
Во империјалниот систем има само еден галон, но американскиот разликува два (течен и сув).
Империјалниот (британски) галон се дефинира како 4,54609 литри и наоѓа примена во земјите од Комонвелтот. Прамерката на овој галон е 10 фунти вода при температура од 62 °F (17 °C). (Американскиот течен галон тежи околу 8,34 фунти на истата температура.) Империјалната течна унца претставува 1⁄160 од империјалниот галон.
Американскиот галон, еднаков на 3,785411784 литри, е законски пропишан како зафатнина од 231 кубни инчи.[2][3] Се дели на 4 кварти; квартата има по 2 пинти, а секоја пинта по 16 течни унци. За да се избегнат неточностите при ширење/собирање на течноста на дадени температури, честопати заедно со износот се прибележува и температурата при која течноста ја има наведената зафатнина. На пример, во трговијата со бензин[4] и алкохолни пијалаци,[5] количините се даваат при температура од 60 °F (16 °C).
Овој галон изнесува една осмина од американскиот „винчестерски“ шиник (бушел) од 2150,42 кубни инчи, што значи дека е еднаков на точно 268,8025 кубни инчи или 4,40488377086 л. Сувиот галон се употребува поретко и не е пропишан со закон, кој од сувата кварта преоѓа веднаш на пекот.[6]
Империјалниот галон наоѓа примена во секојдневниот живот (и во рекламирањето) во Велика Британија, Ирска и (поретко) во Канада. Со него се изразува потрошувачката на гориво на возилата во рекламите и службените прописи.[7][8][9]
Империјалниот галон се користи за изразување на количина на гориво во Антигва и Барбуда, Гвајана и, до неодамна, во ОАР.[10] Американскиот галон пак, е застапен во Белиз, Гватемала, Гренада, Доминиканската Република, Еквадор, Ел Салвадор, Колумбија, Либерија Мјанмар, Никарагва, Панама, Перу, Порторико, САД, Хаити и Хондурас.[11]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.