From Wikipedia, the free encyclopedia
Петтата династија на древниот Египет (династија V) често се комбинира со династиите III, IV и VI како Старо Кралство. Фараоните на Петтата династија владееле околу 150 години, од почетокот на 25 век п.н.е. до средината на 24 век п.н.е.
Познатите владетели од Петтата династија се наведени подолу.[1] Манетон запишал 248 години владеење на Петтата династија; сепак, фараоните од оваа династија најверојатно владееле приближно 150 години.[2] Оваа проценка варира од научник и извор.[б 1] Хоровото име[10] и повеќето имиња на кралиците[11] се земени од Додсон и Хилтон.[12]
Име на кралот | Хорово име | Слика | Проценето времетраење на владеењето | Пирамида | Кралица (и) |
---|---|---|---|---|---|
Усеркаф | Иримаат | 7 години | Пирамида во Сакара | Кенткаус I ? Неферхетепе | |
Сахуре | Небкау | 13 години, 5 месеци и 12 дена | Пирамида во Абусир | Неферетнебти | |
Нефериркаре Какаи | Нефериркаре | 20 години | Пирамида во Абусир | Кенткаус II | |
Неферефре | Неферкау | 2 до 3 години | Незавршена пирамида на Неферефре во Абусир | Кенткаус III ? | |
Шепсескаре | Шепскескаре | Веројатно неколку месеци | Можеби во Абусир | ||
Ниусере Ини | Нусере | 24 до 35 години | Пирамида во Абусир | Ретинуб | |
Менкаухор Каиу | Менкаухор | 8 или 9 години | Безглава пирамида во Сакара | Мересанк IV ? | |
Џедкаре Исеси | Џедкаре | 33 до повеќе од 44 години | Пирамида во Сакара | Сетибор | |
Унас | Ваџтави | 15 до 30 години | Пирамида во Сакара | Небет
Кенут |
Манетон пишува дека кралевите на петтата династијата владееле од Елефантин, но археолозите откриле докази кои покажуваат дека нивните палати сè уште се наоѓале во Инеб-Хеџ („бели ѕидови“).
Како и претходно, биле испратени експедиции до Вади Магаре и Вади Карит на Синај да копаат тиркиз и бакар, и во каменоломите северозападно од Абу Симбел за гнајс. Трговски експедиции биле испратени на југ до Пунт за да обезбедат малахит, смирна и електрома, а археолошките наоди во Библос потврдуваат дека дипломатски експедиции биле испратени до тој феникиски град. Наодите кои носат имиња на неколку кралеви од петтата династија на местото на Дорак, во близина на Мраморно Море, може да бидат доказ за трговија, но остануваат мистерија.
Како фараонот Усеркаф ја основал оваа династија не е позната со сигурност. Папирусот Весткар, кој бил напишан за време на Средното Кралство, раскажува за тоа како кралот Куфу од династија IV добил пророштво дека тројца родени од сопруга на свештеник на Ра во Сакбу ќе го тргнат него и неговите наследници од престолот, и како тој се обидел да ги убие овие деца, именувани Усеркаф, Сауре и Нефериркаре. Сепак, во последниве години, научниците ја прогласија оваа приказна за легенда, и признаа дека не знаат како се случила транзицијата од една династија во друга.
За време на оваа династија, се случиле неколку важни измени воегипетската религија. Се појавиле најраните познати примероци на погребни молитви напишани на кралските гробови (познати како пирамидални текстови). Култот кон богот Ра добил дополнителна важност, а кралевите од Усеркаф до Менкаухор Каиу граделе храмови посветени на Ра во близина на Абусир. Подоцна во оваа династија, култот кон божеството Озирис добил на важност, особено во натписите што се најдени во гробот на Унас.
Меѓу Египќаните кои не биле кралеви од ова време, Птахотеп, везир на Џедкаре Исеси, станал славен поради својата мудрост. Максимите на Птахотеп му биле припишани од подоцнежните препишувачи. Не-кралските гробови исто така биле украсени со натписи, како што се кралските, но наместо молитви или инканации, на ѕидовите биле напишани биографиите на починатите.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.