Ѓошо Органџиев

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Ѓошо Андреев Органџиев или Ѓошо Органџија (роден во Велес) — македонски претприемач, економист и политичар. Сопственик на првата фабрика за масло отворена во Велес во 1923 година за време на Југословенската власт. Сопственик и основач на првата банка во Вардарска МакедонијаВелешка банка. Меѓу најбогатите трговци во велешката околија. Градоначалник на Велес меѓу 1931 и 1934 година, наследувајќи го Тодор Живковиќ. Роднина со македонскиот партизан Ѓоре Органџиев.

Кратки факти Ѓошо Органџиев, Градоначалник на Велес ...
Remove ads

Животопис

Thumb
Акција на Велешката банка, под сопственост на Органџиев.

Роден е во градот Велес, тогаш дел од петвековната турска власт. Потекнува од големиот велешки род Органџиеви. Неговиот брат Тодор Органџиев зедол учество во Солунските атентати. Нема многу податоци за неговите рани дејства. Во 1921 година по иницијатива од Ѓоре Органџиев, Мустафа Усеин и браќата Урумови Министерството на трговија и индустрија на Југославија ја изградила првата банка во Вардарска МакедонијаВелешката банка. Нејзината вредност отпрвин било 1 милион динари.[1][2]:207

Во 1922 година се обидол да изгради фабрика за производство на шарлаган но неможел да се договори со југословенската власт.[3] Во 1923[4] или 1924 година[5] Органџиев ја основал првата фабрика во Велес за масло и таан. Фабриката имала напредни машини увезени од Германија кои преработувале масло, таан и бел сусам. Инсталираниот капацитет за производство на масло изнесувал 40 тони за 24 часа при обработка на сончогледово семе. При обработувањето на други сурови материјали како на пример афион, репа, сусам, тутун и слично, горното количество се намалувало за 1/3. Капацитетот за производството на таан и на бел сусам изнесувал 2 тони сусамово семе за 24 часа.

Thumb
Статија од Иван Крајничанец во Службениот весник на Вардарската бановина за фабриката на Ѓошо Органџиев во Велес.

Во 1924 година, 2 милиони динари биле вложени во фабриката.[6] Од 1924 до 1929 година браќата Органџиеви дополнително вложиле 12 милиони динари за градбата и модернизирањето на фабриката. Од 1935 до 1940 година браќата повторно пак вложиле 5.5 милиони динари за машините и други работи. Од вложените 17.5 милиони динари, 11.5 милиони биле од сопствени средства додека 6 милиони динари биле набавени од кредит. Отпрвин во годишно ниво фабриката произведувала 350 тони масло, но тоа постепено изразнало во 2.000 тони масло годишно. Фабриката отпрвин имала 24 вработени но со нејзиното проширување бројот изразнал во 98 луѓе. Органџиевската фабрика била меѓу најсилните и најголемите фабрики во цела Вардарска Македонија и увезувале материјали за обработка од трговци низ целиот регион. Денес Органџиевата фабрика сѐ уште функционира но со ново име „Благој Ѓорев“.[2]:146-147

Во 1924 година се формирала втората фабрика во Велес исто така под сопственост на Органџиев. Новата фабрика, со разлика од претходната, се водела под сопственост на фирмата „Велешко-шарлаганско друштво“. Фирмата отпочеток била со јавен ортачки влог, подоцна во 1929 година преминала во акционерско друштво а во 1932 година Органџиев ја продадол фирмата кон велешките браќа и трговци Јован и Никофор Костовски и Димитар Настев. Во 1930 година поради големата светска економска криза браќата Органџиеви ја затвориле мелницата „Вардар“ во Велес.[2]:130

Следната година во 1931 година станал градоначалник на градот Велес наследувајќи го Тодор Живковиќ. Со разлика од претходните и наследните градоначалници на градот Органџиев бил независен политичар. Нема многу податоци за неговиот мандат, според сеќавањата на Страхил Гигов — Органџиев ги подржувал младите социјалисти и не го подржувал српскиот режим.[7] Во 1934 година го наследи Никола Цураковиќ. За време на Втората светска војна поради воените напади и бомбардирања капацитетот на неговата фабрика се намалила за 80%, неможел да го оствари предвидениот обем на производство.[8] Нема податоци за неговата судбина после војната. Синот на еден од братучедите на Ѓошо Органџиев — Ѓоре Органџиев учествувал во Народноослободителната борба како борец од Осмата македонска ударна бригада, загинал во борбено крштевачката битка кај Раштански Колиби во 10 септември 1944 година.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads