Бомбардирање на Велес (1941)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Во првата половина на април 1941 година како дел од краткотрајната априлска војна помеѓу Кралството Југославија и Третиот Рајх, фашистичка Бугарија и Кралството Италија градот Велес бил бомбардиран три пати. Првото и најсуровото бомбардирање се одвивало во 7 април 1941 година од страна на германската фашистичка авијациска сила „Луфтвафе“. Следниот ден на 8 април градот целосно подпаднал под германска фашистичка окупација од страна на 73-та пешадиска моторизирана СС дивизија „Адолф Хитлер“. Првото бомбардирање имало најголема штета кон градот и нејзините жители.
Кога подпаднало градот на германска фашистичка окупација, државните авијациски сили на Велика Британија којшто биле во војна со Третиот Рајх повторно го бомбардирале градот во 9 април 1941 година со едиствена цел да ги уништиле сите железничи пруги којшто го поврзале градот за да не биле злоупотребени од страна на Третиот Рајх против непријателите. Во 14-ти април 1941 година градот повторно бил бомбардиран од страна на силата на Велика Британија, овој пат британските воени водачи како Винстин Черчил грешно верувале дека велешкото население сакало да соработува со окупаторите и заради тоа повторно го бомбардирале градот.
Вкупните три бомбардирање на градот од 7 април до 14 април биле ужасни за локалното население, многумина имоти, куќи, патишта, пазари, дуќани, цркви и образовни институции биле целосно уништени, според проценки околу 65 жртви загинале во трите напади и над 210 куќи биле уништени. Но велешкиот историчар Ѓорѓи Малковски и македонскиот историчар Стефан Влахов Мицов веруваат дека штетата била дури поголема, според нивните проценки над 100 жртви загинале и над 400 куќи биле уништени, изгорени или многу оштетени. Нападите биле многу голема загуба за велешкиот народ, цели семејства загинале за време на нападите.
Бомбардирањето и падот на Велес под суровата германска фашистичка окупација и после бугарската ксенофобиска фашистичка окупација се сметаат како почетокот на народното ослободително движење во Велес и велешкиот реон и после три години во 9-ти ноември 1944 година градот Велес бил конечно ослободен од бугарските и германските фашистички окупатори. Голем дел од жртвите којшто загинале во бомбардирањето се денес погребани во црквата „Св Спас“ и црквата „Св. Пантелејмон“.
Remove ads
Историја
Прво бомбардирање
"Сабајлината беше малку врнежливо ама потоа се отвори убав и топол сончев пролетен ден. Повеќето жители сѐ уште не беа разбудени и беа во постела... зататнија германските штуки. Тие јуришни авиони беа препознатливи по свиените крила во вид на буквата W и беа опремени со посебни турбини кои произведуваа застрашувачки звук. Нивниот стил на напад беше вертикално спуштање кон целта. Беа опремени со два митролеза и носеа по 6 бомби"
— Сеќавањето на еден велешки сведок
Во 6-ти април 1941 година Третиот Рајх ја почнала априлската инвазија со единствена цела на целосното ликвидирање на Кралството Југославија. Во 6-ти април тие ги поразиле Брегалничката и Моравската дивизија којшто биле дел од југословенската армија, во истиот ден армијата на Третиот Рајх успешно ги поразиле гарнизоните на некој од македонските градови и ги освоиле како Струмица, Крива Паланка и Делчево. Главната причина за нивниот успех е заради големата моќ на тогашната германска армија и заради нивната развиена авијациска сила позната по името Луфтвафе. Тие ги бомбардирале месностите на армијата и кога пробале да се реорганизирале би ги поразиле.[1]
Во вечерта на 6-ти април воените водачи на германската армија задржиле средба за како би ги освоиле останатите територии на Македонија во Југославија, главната одлука којшто биле донесена е тоа што требало прво воените системи во реонот да бидат уништени за да немаат толку отпор југословенската армија против Германците. Заради тоа во 7-ми април 1941 година им ја дадоа наредбата на германската Луфтвафе да ги бомбардирала градовите со најголема сконцентрација на југословенски војници. Во утрото на 7-ми април тие ја исполнија наредбата и ги бомбардирале градовите Штип, Кочани, Скопје и градот Велес.[1]
На утрото во седми април, околу шесте часот првите авијациски авиони го бомбардирале градот Велес, првите бомби биле сконцентирани кон делата на градот со големо војско присуство, тие прво ги уништиле воените авиони на велешкиот гарнизон во црквите „Св Спас“ и „Св. Пантелејмон“. По паѓањето на првите бомби почнало паника помеѓу велешкиот народ, се огласиле камбаните на црквите во градот, на Гимназијата и на Градскиот часовник. Часеви во сите основни и средни училишта биле прекинати и сите ја добиле наредбата да почнале да пронајдат место за безбедност. За време на бомбардирањето Велес тринаесет пати бил надлетуван од германски авиони.[2]
Градот бил завиткан во густа, темна, маглива завеса. Воздухот мрисал на барут и чад, а многу куќи гореле. Во тој напад од воздух имало и урнати куќи во градот кои биле направени од плитар, други со оштетени ѕидови и покриви. Велес се тресел од експлозиите на бомбите. Некои луѓе започнале да бегаат, бесцелно да лутаат наоколу и станале лесни мети за германските бомби и авиони. Најтешко биле погодени велешките населби Којник, Бузаана, Мегдан, С'рмаале. Започнала да дејствува и против-воздушната одбрана од позиција на црквата „Свети Спас“ потоа од над црквата „Свети Пантелејмон“ и од ридот Вршник. Против-авионски орудија имало поставено во полето кај фабриката за производство на талк, кај мигдалите засадени на ридот Гроот и во низискиот дел на градот, поточно во Речани. Најуспешна одбрана дала војската поставена кај црквата „Свети Спас“ која погодила два авиони, од кои едниот морал да се спушти принудно во поле кај Лозово, не се знае точната позиција.[3]
Бомбардирањето на Велес траело 2 до 3 часа. Градот станал пуст. Дел од жителите се криеле во куќите, дел успеале да избегаат надвор од Велес и да спасат глава засолнувајќи се на околните ридови и во градините на месноста Речани. Дел од нив заминале во околните села. Тие што останале дома, скриени во подрумите, визбите и плевните, а преживеале, штом завршило бомбардирањето први почнале да ги расчистуваат урнатите куќи, под кои главно се наоѓале загинатите велешани. По бомбардирањето цел ден Германците извидувале и надлетувале со авионите. Вечерта во 19 часот во градот влегле војниците на Извидничкиот баталјон на 73-та пешадиска моторизирана СС дивизија „Адолф Хитлер“. Тие ги зазеле сите стратегиски важни места и објекти - Железничката станица, Поштата, поставиле митролески гнезда на мостовите, на стратегиските височини, на поголемите раскрсници, на плоштад Сармаале. Веднаш почнале да поставуваат објави и повици до граѓаните во кои ги повикувале на мир, стрпливост и соработка.[3][4]
При бомбардирањето на Велес на 7 април 1941 година, беа засегнати и некои објекти, главно магазински простории на војската, непосредно до железничката станица. Штетата што придонесе бомбардирањето на германскиот луфтвафе била голема. Нивното бомбардирање од сите други три било најсуровото. 49 жртви загинале во бомбардирањето, неколку фамилии биле целосно уништени додека над 100 куќи биле уништени и неколкумина од црквите биле многу оштетени. Истакната велешка гимназија исто така била оштетена од бомбардирањето. Следниот ден градот целосно подпаднал под германска фашистичка окупација од страна на 73-та пешадиска моторизирана СС дивизија „Адолф Хитлер“.[4]
Список на жртви од првото бомбардирање
Според истражувањето на велешкиот историчар Ѓорѓи Малковски во неговата книга „Велес и Велешко во Народно ослободителна војна 1941-1945, Спомен книга“ жртвите во првото бомбардирање се:[5]
Најмладата жртва во бомбардирањето бил Тодор Стефанов Мицев, тој потекнувал од родот Мицеви и се родил во градот Велес, бил само 2 месеци кога трагично загинал. Целиот род Мицеви загинале во бомбардирањето. Најстарата жртва во бомбардирањето бил Диме Петрушев од Долно Врановци, Велешко. Бил помеѓу 79 и 80 години кога загинал. За време на бомбардирањето пет документирани семејства биле целосно ликвидирани, тие се: родот Брзакови (членови: Рајна Илиева, Ристе и Љубенка Тодорови), родот Мицеви (членови: Ката, Аница и Тодор Стефанови), родот Петрушеви (членови: Диме, Ефка Панова и Борче Миланов), родот 'Ржарови (членови: Сава, Ордан и Милка Димови) и родот Чупчеви (членови: Павлина Цанина, Лила, Десенка и Тоше Илиеви).
Второ бомбардирање
Потоа, на 9 април, Велес доживеал нови кошмари и ноќни бомбардирања. Во 9-ти, бомбардерите на британскиот РАФ го бомбардирале Велес и неговите најзначајни објекти од инфраструктурата како што биле Железничката станица, мостовите и складиштата. Во првото ноќно бомбардирање е разрушена старата зграда на велешката Железничка станица и погодени добар дел од вагоните со германски воен товар. За време на бомбардирањето не го погодиле познатиот градски саат во Велес.[6] Но многу ја оштетиле црквата „Св. Ѓорѓи“, местото каде што се отворило првото училиште со македонскиот јазик како службен јазик од страна на македонскиот преродбеник Јордан Хаџи Константинов-Џинот. После кога градот бил префрлен од германска окупација кон суровата бугарска фашистичка окупација тие вложиле околу 100.000 леви за да можеле повторно да го обновиле.[7]
Трето бомбардирање
На 14 април, во ноќните часови, Велес бил бомбардиран од страна на англиските бомбардери. Тогаш биле погодени неколку десетици куќи во населбите Дворови, Којник, Бузаана, Мегдан како и плоштадот С'рмаале. За второто бомбардирање, на 14 април, германците ги разместиле своите нафтени вагони од Железничката станица до центарот на градот. Истовремено со јаки рефлектори ги осветлиле деловите од градот како Којник, Бузаана, Мегдан како и на спротивната страна па англиските пилоти својот смртоносен товар го истуриле таму. За среќа градот била што во бомбардирањето не била погодена ниту една цистерна со бензин и нафта бидејќи Велес ќе изгорел до темел. Четиринаесет дена подоцна поточно на 28 април, окупаторите на градот наредил да започне повторно наставата во училиштата, а германските сили во градот биле целосно резервирани кон месното население, кое се вратило набрзо на редовната земјоделска работа низ нивите во полињата. Паралелно се расчистувале и поправале куќите, се преземале редовни акции за да се спречат евентуални епидемии, запишал во своите белешки што подоцна се публикувани д-р Ангел Арсов.[3]
Список на жртви од третото бомбардирање
Според истражувањето на велешкиот историчар Ѓорѓи Малковски во неговата книга „Велес и Велешко во Народно ослободителна војна 1941-1945, Спомен книга“ жртвите во третото бомбардирање се:[5]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads