Јас

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Јас е лична заменка за прво лице еднина во македонскиот јазик. Оваа лична заменка се користи да се означиме себеси.[1]

Повеќе информации Примери ...

Лични заменки

Личната заменка „јас“ се користи како подмет во реченицата, односно да се означи лицето кое го врши дејството и лицето за кого се однесува нешто. Останатите форми за прво лице може да се видат во следнава табела, која патем ги наведува сите заменки во македонскиот јазик:

Повеќе информации Лични заменки, број ...
Remove ads

Потекло

Македонската лична заменка „јас“ потекнува од старословенската ''. Така, оваа македонска лична заменка е доста слична и со останатите заменки за прво лице на останатите словенски јазици, како: jaz на словенечки, ja на полски, лужичкосрпски, словачки, српски, хрватски, босански и црногорски, аз на бугарски, на чешки и я на руски, украински и белоруски.[2]

Како што веќе е напоменато, македонската заменка „јас“ се развила од старословенската . Гласот „ј“ се развил во реченичниот санди, во позиција зад „и“ (спр. од Марк. ев. и во преписка во Битолскиот триод од 12 в.). На крајот, „з“ преминало во „с“ по правилото на обезвучување.[3]

Remove ads

Употреба

Во македонскиот јазик оваа заменка се користи за означување на себеси, односно прво лице еднина. Во поголем број дијалекти, како и во секојдневниот говор, личната заменка се среќава како ја, односно се изостава гласот 'с'.

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads