Ние
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ние е лична заменка за прво лице множина во македонскиот јазик. Оваа лична заменка се користи да се означиме себеси како група, односно повеќе од едно лице вклучувајќи го и лицето кое зборува[1].
Лични заменки
Личната заменка „ние“ се користи како подмет во реченицата, односно да се означат лицата кои го врши дејството и лицата за кого се однесува нешто. Останатите форми за првото лице множина може да се видат во следнава табела, која патем ги наведува сите лични заменки во македонскиот јазик:
Remove ads
Потекло
Старословенската форма еквивалентна на македонската „ние“ е ''. Така, оваа македонска лична заменка не е сосема иста со останатите заменки за прво лице множина на останатите словенски јазици, спореди: my на словачки, лужичкосрпски, чешки и полски, mi на словенечки, српски, хрватски, босански и црногорски, ние на бугарски, мы на руски и белоруски и ми на украински.[2]
Македонската заменка „ние“ настанала од старословенската , но во македонскиот 'м' била заменета со 'н' поради тоа што имало наслон на создавање множинска форма со 'н-'. Потсилувањето на старата едносложна заменска морфема била извршена со додадање на гласот 'е', сè со цел да се закрепи нивната изразеност.[3]
Remove ads
Употреба
Оваа лична заменка се користи да се означиме себеси, односно повеќе од едно лице вклучувајќи го и лицето кое зборува. Во некои македонски дијалекти се користи и формата „мие“.
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads