Таа
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Таа е лична заменка за трето лице еднина од женски род во македонскиот јазик. Оваа лична заменка се користи да се означи или посочи некоја именка од женски род[1], која и не мора да е присутна во моментот на зборување.
Лични заменки
Личната заменка „таа“ се користи како подмет во реченицата, односно да се означи лицето кое го врши дејството и лицето за кого се однесува нешто. Останатите форми за трето лице женски род може да се видат во следнава табела, која патем ги наведува сите заменки во македонскиот јазик:
Remove ads
Потекло
Старословенската форма еквивалентна на македонската „таа“ е ''. Така, оваа македонска лична заменка не е слична со останатите заменки за трето лице на останатите словенски јазици, како: ona на полски, словачки, чешки, словенечки, српски, хрватски, босански и црногорски, тя на бугарски, wona на лужичкосрпски, она на руски, яна на белоруски и вона на украински.[2]
Освен на македонски и бугарски, во сите останати словенски јазици заменката директно потекнува од старословенската форма. Македонската заменка „таа“ настанала со потсилување на старите едносложни заменски морфеми со партикули, сè со цел да се закрепи нивната изразеност. Заменката „таа“ потекнува од старословенската показна '', но проширена со дополнителни гласови за позацврстена изразеност.[3]
Remove ads
Употреба
Во македонскиот јазик оваа заменка се користи за означување или посочување на именка од женски род. Во некои дијалекти се користи и старословенската форма она.
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads