Тој
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Тој е лична заменка за трето лице еднина од машки род во македонскиот јазик. Оваа лична заменка се користи да се означи или посочи некоја именка од машки род[1], која и не мора да е присутна во моментот на зборување.
Лични заменки
Личната заменка „тој“ се користи како подмет во реченицата, односно да се означи лицето кое го врши дејството и лицето за кого се однесува нешто. Останатите форми за трето лице машки род може да се видат во следнава табела, која патем ги наведува сите заменки во македонскиот јазик:
Remove ads
Потекло
Старословенската форма еквивалентна на македонската „тој“ е ''. Така, оваа македонска лична заменка не е слична со останатите заменки за трето лице на останатите словенски јазици, како: on на полски, словачки, чешки, словенечки, српски, хрватски, босански и црногорски, той на бугарски, wón на лужичкосрпски, он на руски, ён на белоруски и він на украински.[2]
Освен на македонски и бугарски, во сите останати словенски јазици заменката директно потекнува од старословенската форма. Македонската заменка „тој“ настанала со потсилување на старите едносложни заменски морфеми со партикули, сè со цел да се закрепи нивната изразеност. Заменката „тој“ потекнува од старословенската показна '', но проширена со дополнителни гласови за позацврстена изразеност.[3]
Remove ads
Употреба
Во македонскиот јазик оваа заменка се користи за означување или посочување на именка од машки род. Во некои дијалекти се користи и старословенската форма он.
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads