Александар Прокопиев

From Wikipedia, the free encyclopedia

Александар Прокопиев
Remove ads

Александар Прокопиев (Скопје, 24 февруари 1953 ) — македонски прозаист, есеист и поет.[1]

Кратки факти Александар Прокопиев, Роден/а ...

Животопис

Тој бил прозаист и есеист. Роден во Скопје, 1953. Дипломирал и магистрирал на Филолошкиот Факултет во Белград, на групата за компаративна книжевност и теорија на литературата. Работи во Институтот за македонска книжевност при Филолошкиот факултет во Скопје[2].

Основоположник на постмодернизмот во современата македонска литература.

Делата на Прокопиев се преведени на англиски, јапонски, француски, чешки, германски, унгарски, полски, италијански, руски, српски и бугарски јазик.

Член е на Независните писатели на Македонија.

Remove ads

Творештво

Прокопиев е автор на следниве дела:

  • Младиот мајстор на играта“ (раскази), 1983
  • …или…“ (раскази), 1987
  • Пловидба кон Југ“ (раскази), 1988
  • Слово за змијата“ (раскази), 1992
  • Ars amatoria“ (раскази), 1998
  • Слика тркало“ (хаику), 1998
  • Дали Калимах беше постмодернист?“ (есеи), 1994
  • Патување на сказната“ (есеи), 1996
  • Антиупатства за лична употреба“, 1996/2000
  • Постмодерен Вавилон“ (есеи), 2000
  • Човекот со четири часовници“ (раскази), 2003
  • Борхес и компјутерот“ (есеи), 2005
  • Ѕиркачот“ (новела), 2007
  • „Човечулец: бајки од левиот џеб“, 2011
  • „Делфин“ (раскази), 2018
  • Синот-риба“ (раскази), 2020[3]
  • „Љубовни аматери“ (раскази), 2021

Три негови кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).[4]

Remove ads

Награди

  • Добитник на книжевната награда „Балканика“[5] за 2010 година, за книгата „Човечулец“. Тој го освои првото место во конкуренција од истакнати имиња од повеќе европски земји: Здравка Евтимова од Бугарија, Дејан Стоиљковиќ од Србија, Мира Мекси од Албанија, Христос Економу од Грција, Ома Станеску од Романија и турската писателка Асли Ердоган.
  • Номиниран за книжевната награда „Балканика“[6] во 2007 година, за новелата „Ѕиркачот“.

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads