Амапа

From Wikipedia, the free encyclopedia

Амапаmap
Remove ads

Амапа (португалски: Amapá) — сојузна држава во Бразил, сместена во најсеверниот дел на земјата. Се граничи со Француска Гвајана и Суринам северно. На исток со Атлантскиот Океан, и на југ со сојузната држава Пара. Во минатото била посебна колонија со името Португалска Гвајана или Бразилска Гвајана.

Кратки факти Амапа, Влада ...
Remove ads

Историја

Како „Капитанијата“ Кошта до Кабо Норте, регионот бил освојуван од Англичаните и Холанѓаните, коишто подоцна биле изгонети од Португалците. Со Договорот од Утрехт во 1713 се исцртани границите помеѓу Бразил и Француска Гвајана, но тие не биле почитувани од французите. ВО XVIII век, Франција го окупирала регионов. Ова останало нерешено сè до 1900-та.

Со пронаоѓањето злато населението во земјава почнало да расте, спорот со Франција бил решен на 1 декември преку арбитрационата комисија од Женева која што одлучила да ја даде територијава на Бразил, која што во почетокот била под Пара под името Арагуари, станала федерална територија Амапа во 1943 г.

Remove ads

Географија

Thumb
Амазонска дождовна шума

Повеќето земја е покриено со шума, а остатокот со савана. Брегот на места е мочурлив.

Клима

Екваторска клима владее во државава. Тропска дождовна шума е природната вегетација за климорегионов.

Демографија

Според БИГС, 2007, населението брои 619,000 со густина од 4.3 ж./км2.

Урбанизација: 93.7% (2006); Национален прираст: 5.7% (1991-2000); Домаќинства: 144,000 (2006).[1]

Структура: 429,000 Пардо (69.4%), 148,000 Бели (24.0%), 40,000 Црни (6.5%), 6,000 Азијати или Домородци (0.1%).[2]

Стопанство

Секторот за услуги зазема најголем дел од БДП со 87.6%, следен од индустрискиот сектор со 7.8%. Земјоделието претставува 4.6% of БДП (2004). Амапа извезува: дрво 75.5%, јаглен 18.7%, палмова срцевина 5.5% (2002).

Удел во Бразилската економија: 0.2% (2005).

Образование

Португалскиот е службен. Но Англиски и Шпански се дел од официјалниот образовен систем. Сепак Француски јазик, поради близината на Француска Гвајана, е дел од официјалното средно образование.[3]

Образовни институции

  • Федерален Универзитет Амапа Amapá (Unifap);
  • и други.

Наводи

Поврзано

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads