Ајтоски манастир
манастир кај Ајтос, Леринско From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ајтоски манастир „Св. Архангели“ — манастир кај селото Ајтос, Леринско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.[1]
Манастирот е сместен на рид северозападно од селото, по патот за Невеска. Стариот манастир кој бил на ова место бил уништен од Трците и од него останале само темелите. Дълго време беговите од соседното село Горицко ја попречувале неговата обнова.[2] Според легендата, главниот противник возобновата, Вели-бег, дал откако му починале сите деца и откако му умреле двата бивола при орањето на манастирското земјиште.[3]
Новиот манастир почнал да се гради во 1892 г. и осветен е во 1895 г.[4] Иницијатор на изградбата бил мештанинот Роби Анастасов со духовно име отец Дамјан, кој бил монах на Света Гора и потоа се вратил во родното село. Дозволата од властите е издејствувана со помош на Христо Манов, кој бил царски градинар на султанот.[1] Во обновата помогнал и Михаил Мисирлијата од Невеска, кој ги поканил леринскиот кајмакам и Изет-паша на гости, и ја добил нивната согласност. Во изградбата учествувале селаните од околните македонски села и жителите на влашкото село Невеска. Подигнат е голем конак со 20 соби и обезбедено е примерно стопанство.[4] Во прво време бил метох на манастирот „Св. Врач“ (Олишки манастир).[5] Пробитно бил под управа на митрополитот Герман од Невеска и јеромонахот Тасе од Ајтос. Подоцна архимандритот Герман се одметнал од Патријаршијата и станал романски свештеник во Битола.[4]
Во 1902 г. манастирот го признал врховенството на Бугарската егзархија.[4] Кон крајот на османлискиот период во 1912 г. овој бил еден од трите манастири на Бугарска егзархија во Леринско, заедно со „Св. Ѓорѓи“ во Арменско и Нередскиот манастир („Св. Лука“) во Неред .[6]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads