Вирче

село во Општина Делчево From Wikipedia, the free encyclopedia

Вирчеmap
Remove ads

Вирче — село во Општина Делчево, во областа Пијанец, во околината на градот Делчево.

Кратки факти
Remove ads
Remove ads

Географија и местоположба

Thumb
Поглед на дел од селото

Селото се наоѓа во областа Пијанец, во југоисточниот дел на територијата на Општина Делчево, чиј атар се издига до сртот на планината Влаина, каде што се допира со државната гранична линија со Бугарија.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 740 метри. Од градот Делчево, селото е оддалечено 22 километри.[2]

Атарот е мошне голем и зафаќа простор од 29,7 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.537,5 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 983 хектари, а на пасиштата 257,5 хектари.[2]

Низ селото тече Вировска река, која од планината Влаина се влева во Брегалница. Таа е периодичен водотек.[3]

Remove ads

Историја

Во XIX век, Вирче било село во рамките на Малешевската каза на Отоманското Царство.

Во избувнувањето на Првата балканска војна во 1912 година 5 жители на Вирче се доброволци во Македонско-одринските доброволни чети.[4]

Стопанство

Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција.[2]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Вирче имало 330 жители, од кои 200 муслимани и 130 православни.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Вирче имало 200 жители.[6]

Според Димитар Гаџанов во 1916 година во Вирче имало 557 жители Македонци, од кои 378 муслимани и 179 православни.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 550 Македонци.[8]

Вирче во 1961 година било големо село, коешто броело 906 жители, од ко 840 биле Македонци, а 47 жители Турци, додека во 1994 година бројот се намалил на 604 жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Вирче живееле 498 жители, од кои 496 Македонци, 1 Србин и 1 останат.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 272 жители, од кои 248 Македонци, 1 останат и 23 лица без податоци.[10]

На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]

Од селото се иселил значителен број на население, а најголемите драстични демографски разлики се случиле во 1950-тите години, кога најголем дел од муслиманското население го напушта селото и се иселува во Турција.

Родови

Според податоците од 1953 година, родови во селото:

Македонски

  • Староседелци: Даневци (8 к.), Котевци и Десповци (6 к.), Јанчовци и Милевци (19 к.), Спасевци (2 к.), Панчовци (2 к.), Поповци (2 к.), Рошовци (1 к.), Бојанци (2 к.), Пецовци (1 к.), Ромовци (5 к.), Ковачевци (10 к.)
  • Доселеници: Станковци (9 к.) доселени се околу 1820 година од селото Пекљани во Виничко. Кај нив има човек призетен од Србија (околината на Крушевац); Димовци (2 к.) доселени се од селото Лешко кај Благоевград (Пиринска Македонија) во 1872 година; Новоселци (3 к.) доселени се од селото Град во 1875 година; Вирчански (1 к.) доселени се во 1898 година од селото Град; Симеве или Струмовци (4 к.) доселени се во 1895 година од некое место во близина на реката Струма (поделена помеѓу Бугарија и Грција); Захарини (2 к.) доселени се во 1895 година од селото Стар Истевник; Цуревци (1 к.) доселени се во 1913 година од селото Лешко кај Благоевград.

Муслимани (Читаци,Турци и Роми)

  • Староседелци: Абдурманци или Јалановци (10 к.), Гавази (2 к.), Касаповци (35 к.), Карабатаковци (6 к.), Саидијовци или Калавазовци (6 к.), Дурмишевци (12 к.), Пашинци (14 к.), Кускарци (1 к.), Амурци (7 к.), Бековци (6 к.), Пеливанци (4 к.), Мачкарци (4 к.), Чучукове (6 к.), Смаиловци (5 к.), Кирџијовци (14 к.), Паливодци (5 к.), Оџогијовци (4 к.), Ленговци или Цицировци (6 к.), Буљуци (2 к.), Попарковци (3 к.) овие родови се Читаци (потурчени)
  • Доселеници: Шарове или Арнауци (2 к.) доселени се во 1900 година од полошкото село Јеловјане; Пешчовци (1 к.) доселени се во 1938 година од селото Град; Таревци (1 к.) доселени се во 1944 година од селото Град; Белчовци (20 к.) доселени се во 1724 година од Турција; Јуруковци (4 к.) доселени се во 1864 година од јуручкото село Чанаклија кај Струмица. По потекло се Јуруци; Бошњаковци (1 к.) доселени се во 1878 година од Високо во Босна; Идризовци (2 к.) доселени се во 1885 година од Паланиково (веројатно од Крива Паланка); Маџарци (6 к.) доселени се во 1890 година од селото Згурово кај Ќустендил; Нуханове (1 к.) доселени се во 1913 година од Босна; Шабанове (2 к.) доселени се однекаде. Тие се Роми; Љамове (1 к.) доселени се од селото Црник. И тие се Роми.[15]
Remove ads

Општествени установи

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Делчево, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Делчево.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Вирче, во која единствено село било Вирче.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната општина Тработивиште, во која покрај селото Вирче се наоѓале селата Нов Истевник, Панчарево, Разловци, Стар Истевник и Тработивиште.

Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на општината Делчево.

Избирачко место

Во селото постои избирачко место бр. 0584 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште.[17]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 386 гласачи.[18]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 369 гласачи.[19]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Thumb
Главната селска црква „Св. Никола“

Археолошки наоѓалишта[20]

Цркви[21]

Личности

Родени во Вирче
  • Коста Николов (1873-1944) — бугарски генерал;
  • Орце Поповски — декан на Воената академија во Скопје

Иселеништво

Од македонските правослвни родови иселеници има во Бугарија (Ќустендил, Дупница, Благоевград), и низ повеќе градови во Македонија. Од муслиманите иселеници има во Турција (Измир и др.) како и во Бугарија (Пазарџик).[15]

Галерија

Наводи

Loading content...

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads