Светска турнеја на UCI 2014

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Светска турнеја на UCI 2014 — шесто издание на системот за рангирање започнат од Меѓународниот велосипедистички сојуз (UCI) во 2009. Серијата започнала со Тур Даун Андер на 21 јануари и завршила со последната етапа на Трката околу Пекинг на 14 октомври.

Кратки факти Поединости, Датуми ...

По победата на UCI ProTour 2008, Шпанецот Алехандро Валверде ја освоил првата поединечна титула во Светската турнеја, освојувајќи 686 бодови во текот на сезоната. Возачот на Мовистар Тим завршил 66 бода пред најблискиот соперник и сонародник Алберто Контадор од Тинкоф-Саксо, додека австралискиот возач Сајмон Геранс бил трет за екипата Орика-ГринЕЏ, но имал над 200 бода помалку од Валверде. Во екипниот пласман, Мовистар Тим завршиле први втора година по ред со вкупно 1440 бода. Второпласирани биле Ванти-Груп Гобер откако ги освоиле двете од трите последни трки во сезоната, додека Тинкоф-Саксо завршиле на третото место. Националниот пласман бил удобно предводен од Шпанија во текот на целата сезона и на крајот имале 764 бода пред Италија.

Remove ads

Екипи

На Светската турнеја право на настап на секоја од трките имаат UCI World Tour екипите, додека професионалните континентални екипи или националните екипи, можат да настапат на некоја од трките само со посебна покана од организаторот.

Екипи кои имаат право на настап на секоја од трките за 2014 се следниве.[1]

Повеќе информации Код, Официјално име ...
Remove ads

Настани

Сите трки од минатата сезона се вклучени.

Повеќе информации Трка, Датум ...
Забелешки
  1. Бидејќи Франк вози за екипата ИАМ Сајклинг, која не е UCI World Tour екипа, нему не му се доделуваат бодови кон пласманот на Светската турнеја.
  2. Бидејќи Шаванел вози за екипата ИАМ Сајклинг, која не е UCI World Tour екипа, нему не му се доделуваат бодови кон пласманот на Светската турнеја.
  3. Бидејќи Феди вози за екипата Нери Сотоли, која не е UCI World Tour екипа, нему не му се доделуваат бодови кон пласманот на Светската турнеја.
  4. Светското првенство во екипен хронометар носи бодови само во екипниот поредок, не и во поединечниот или националниот.
Remove ads

Пласман

Поединечен

[3]

Возачите изедначени со ист број на бодови се рангираат по бројот на победи, потоа бројот на втори места, трети места и така натаму, на настаните и етапите од Светската турнеја.[4]

Повеќе информации Место, Име ...
  • 236 возачи освоиле бодови, а 43 други возачи завршиле на места кои носат бодови, но не биле членови на некоја од UCI World Tour екипите, туку на некоја од професионалните континентални екипи.

Екипен

[5]

Екипниот пласман се пресметува со додавање на освоените бодови на најдобрите пет возачи од секоја екипа, плус бодовите освоени на Светското првенство во екипен хронометар (СПЕХ).

Повеќе информации Место, Екипа ...

Национален

[6]

Националниот пласман се пресметување со додавање на освоените бодови на најдобрите пет возачи од секоја земја. Националниот пласман до 21. трка Класика де Сан Себастијан исто така се користи за одредување на тоа колку возачи ќе има одредена земја на Светските првенства.

Повеќе информации Место, Земја ...
  • Возачи од 34 земји освоиле бодови.
Remove ads

Напредок во водството

Повеќе информации Трка (Победник), Поединечен ...
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads